Градиме подобро одделение – зборувај, слушај, менувај
Тема
Предизвик
За активноста
Форми на работа
Време на реализација
Возраст
Локација
Потребни материјали
- Листови А4-формат
- Моливи, гуми, фломастери
- Листови во различни бои (на пр., зелени за пофалби, црвени за забелешки)
- Лепливи белешки
- Табла за повратни информации (може да е картон или хартија за постери)
- Материјали за изработка на „Договорот за одделението“ (боички, маркери, налепници)

Цели
- Поттикнување меѓусебна комуникација и емпатија
- Јакнење на чувството на припадност
- Развивање социјални и емоционални вештини
- Подобрување на училишната атмосфера
- Поттикнување ученичка иницијативност
Очекувани резултати
- Зголемена доверба и соработка меѓу учениците
- Подобрени односи и разбирање на различностите
- Изграден договор за позитивно училишно однесување
- Поактивно учество на потивките ученици
- Минимум 70 % од учениците ќе пријават подобрена атмосфера во одделението
- Ќе се создаде најмалку еден визуелен производ (постер/табла) кој ќе остане видлив во училницата

- Подготовка
Се подготвуваат два вида листови во различни бои:
- зелени за „Што ми се допаѓа во одделението“
- црвени за „Што би сакал/а да се подобри“
Се подготвуваат листови со прашања за групна дискусија и хартии за табла.
Се организира просторијата во круг или во мали групи.
- Реализација
- Учениците се поделени во мали групи од 4 до 5 ученици.
- Во групите, секој ученик може да сподели што напишал или, ако сака, своите ливчиња да ги предаде на наставникот кој ќе ги прочита анонимно.
Групна дискусија:
- Задача на секоја група е да одговори на следниве прашања:
- Што најчесто се повторува како позитивно/негативно?
- Зошто е важно тоа за нашата училишна атмосфера?
- Како можеме да ги намалиме заедно негативните појави?
- Кои конкретни чекори можеме да ги преземеме за да создадеме подобро одделение?
- Презентација на групите: Секоја група накратко ги споделува своите заклучоци со останатите.
- Заедно со наставникот, учениците создаваат „Договор за подобро одделение“ – список со конкретни правила, вредности и заеднички договори.
- Договорот се дизајнира убаво, се украсува и се поставува на видливо место во училницата. Во договорот, во зависност од возраста, значајно е да се дефинираат и активности кои ќе ги повикуваат на одговорност доколку некој не ги почитува правилата.
- Во одделението се поставува табла на која секојдневно се забележуваат пофалби, позитивни однесувања, ѕвездички или кратка евалуација на атмосферата.
- Наставникот ја следи динамиката и поттикнува позитивно однесување, но и навремено интервенира при појава на конфликти.
- По еден месец, учениците повторно пополнуваат листови на кои запишуваат:
- Што се подобри?
- Што сè уште треба да се подобрува?
- Учениците повторно дискутираат во мали групи или во цело одделение.
- Заедно со наставникот се прави SWOT-анализа на одделението:
- Силни страни (Strengths)
- Слаби страни (Weaknesses)
- Можности (Opportunities)
- Закани/Ризици (Threats)
Договорот за подобро одделение се надополнува или се менува според новите согледувања.
Почетна игра – „Топло срце“
- Цел: Размрдување и позитивна атмосфера
- Опис: Секој ученик добива зелено ливче и пишува пофалба или нешто убаво за некој друг од одделението. Сите ливчиња се ставаат во „кутии со пофалби“ и потоа случајно се читаат без да се кажува авторот. Ова гради позитивна енергија пред дискусијата.
Индивидуално размислување
- Учениците добиваат зелено и црвено ливче.
- Пишуваат анонимно што им се допаѓа и што не во одделението.
- Можат да користат реченици како:
- „Ми се допаѓа тоа што…“
- „Би било добро ако…“
- Ливчињата се ставаат во две посебни кутии.
Групна анализа
- Учениците се делат во 4 до 5 групи.
- Наставникот чита дел од анонимните белешки.
- Групите одговараат на прашања:
- Што се повторува најмногу?
- Како влијае тоа на нашето секојдневие?
- Што можеме да промениме?
- Како да изградиме подобро одделение?
Креативна изработка на „Договор за подобро одделение“
- Секоја група предлага правила, вредности и идеи.
- Се создава заеднички постер со договорот.
- Се украсува и поставува во училницата.
- Се поставува и табла „Пофали пријател“ или „Ѕид на позитивни постапки“ каде што секојдневно се запишуваат убави дела, ѕвездички, забелешки од другарско однесување.
Рефлексија по една недела
- Повторно пополнување зелени и црвени ливчиња.
- Повторна групна дискусија.
- Се прави SWOT- анализа (силни и слаби страни, можности, ризици)
- Договорот се надополнува доколку е потребно.

Училиште
Ментор
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
- Александра Димитрова
- Стефан Велков
- Меланија Симјаноска
- Стефанија Златева
- Марија Трајчевска
- Стефан Ѓорѓиевски
- Антонија Лола Ефремова
- Никола Јовановски
- Тамара Несторовска
- Анастасија Николова
- Емилија Ристиќ
- Јана Андреевска
- Донка Китанова
- Дамјан Сиваков
- Арсениј Манов
- Симон Стојановски
- Аделиса Папиќ
- Владан Стефановиќ
- Оља Стојановска
- Марија Стојановска
- Андреј Петровски
- Калина Георгиевска
- Калина Ачковска
- Софија Мирковска
- Бора Аго
- Весна Филиповска
- Јана Ставревска
- Јоана Кимовска
- Никола Домби
- Ана Дионисиева
- Николина Мицковска
- Јасмина Сретеновска





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.