Гласот во мене вреди!
Тема
Предизвик
За активноста
Форми на работа
Време на реализација
Возраст
Локација
Потребни материјали
- Листови хартија,
- Презентација во PowerPoint,
- Топче

Цели
- Поттикнување на разбирањето на концептот на самодоверба и осознавање на сопствените предности и слабости кај учениците.
- Развивање социоемоционални вештини кај учениците со цел унапредување на нивната самодоверба и личен развој.
Очекувани резултати
- Учениците покажуваат повисоко ниво на самодоверба и слободно ги изразуваат своите ставови и идеи, дури и кога грешат.
- Секој ученик ќе напише најмалку една позитивна реченица за себе и еден комплимент за друг ученик.
- Учениците развиваат позитивно мислење за себе и за училиштето како средина во која треба да постои поддршка.

- Подготовка
- Состанок на учениците од училишниот тим со училишниот психолог.
- Училишниот психолог им ги претставува работилниците на учениците, разговара со нив и ги учи како да ја спроведат со учениците од шесто одделение.
- Подготовка на учениците за реализација на работилницата.
- Реализација
Воведна активност и активност за загревање/подигнување на енергијата: Како се чувствувам денес?
Учениците споделуваат со какви чувства доаѓаат на работилницата. Секој оној ученик кој сака споделува со групата и фрла топче повикувајќи друг ученик да сподели.
Активност 1
На учениците им се споделува презентација во PowerPoint со недовршени реченици:
- Нешто што добро го правам е…
- Горд/а сум кога…
- Нешто што постигнав периодов е…
- Една од моите најдобри особини е…
- Нешто што сакам да променам кај себе и да бидам подобар е….
Кога сите ќе завршат, им го кажуваме следново: Сега полека читајте една по една реченица, неколку пати во себе. Обидете се да размислувате за секоја реченица, верувајќи во она што сте го напишале за себе.
Започнува дискусија:
- Кои чувства се јавуваат кога ги читате овие пораки?
- Што значи зборот „самодоверба“ за вас?
- Размислете за примери луѓе (од вашето опкружување, од светот на спортот, музиката итн.), кои ги сметате за лица со висока самодовербата. Што е тоа што ги прави да имаат самодоверба?
- Што би можеле да научите од нив?
Активност 2:
На учениците им се поставуваат некои од следниве прашања и се започнува дискусија:
- Како ја оценувате сопствената самодоверба, на пример: доволна – недоволна – не сум сигурен/а?
- Дали другите ја оценуваат вашата самодоверба на ист начин?
- Дали некогаш се споредувате со други врсници или со познати личности?
- Дали некогаш сте се чувствувале лошо заради тоа што се споредувате со другите?
Завршна активност
Игра наречена !пораки со комплименти“, со цел испраќање позитивни пораки односно комплименти кон секој поединец во групата. Секој ученик ќе добие лист со испишано име до кое ученикот има задача да му испрати позитивна порака или комплимент, со што ќе го развесели и ќе направи да се чувствува убаво.
На учениците им се дава задача да даваат најмалку еден убав комплимент во денот на себе и на другите во рок од една седмица.
Прилози

Училиште
Ментор
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
- Бранка Димевска Коцева
- Елена Петровска
- Калина Георгиевска
- Иан Салимовски
- Никола Ангеловски
- Петар Тасевски
- Антина Стојческа
- Филип Јаневски
- Бојан Ајтарски
- Даријан Пејчиновски
- Борјан Атанасов





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.