Гласот на учениците
Тема
Предизвик
За активноста
Форми на работа
Време на реализација
Возраст
Локација
Потребни материјали
- Обрасци за предлози
- Листа на критериуми
- Списоци од секое одделение за https://wheelofnames.com/
- Простор за состаноци на ученичкиот парламент.
- Наставници-ментори за поддршка на учениците.
- Пано за изложба на предлозите или дигитални платформи за споделување.
- Материјали за промотивни постери

Цели
- Да се поттикне активното учество на учениците во училишниот живот преку вклучување во одлучувачки процеси и во заеднички активности.
- Да се развијат комуникациски вештини кај учениците, како што се аргументирано изразување, активно слушање и почитување на различните мислења.
- Да се зајакне чувството на припадност и градење позитивна, демократска и поддржувачка училишна култура.
Очекувани резултати
- Учениците ќе воспостават поефикасна и отворена комуникација со стручната служба, преку активно учество и размена на мислења.
- Учениците ќе можат да изразат сопствени идеи и предлози и да учествуваат во нивна реализација за подобрување на училиштето.
- Учениците ќе стекнат практично искуство во подготовка и јавно претставување идеи, придонесувајќи кон развој на демократска и инклузивна училишна средина.
- Најмалку 20 предлози поднесени од учениците во текот на учебната година.
- 60 % од предлозите дискутирани и делумно прифатени од стручната служба.
- Пораст на вклученост на учениците во ученичкиот парламент за 30 % во споредба со претходната година.

- Подготовка
Изработка и дистрибуција на образец за предлози
- Создавање едноставен и разбирлив образец (може да биде Google Form или печатена верзија), со прашања како:
- Име и презиме
- Одделение
- Предлог-идеја
- Кратко објаснување на идејата
- Распределба преку:
- Училишен вебсајт или онлајн платформа (Google Classroom, Viber групи, итн.)
- Печатени копии во училници или на информативни табли
- Наставниците можат да го презентираат образецот и да ги поттикнат учениците да го пополнат.
Информативна кампања преку постери и најави за активноста
- Дизајн на визуелно привлечни постери со основни информации:
- Што е активноста?
- Кој може да учествува?
- Каде и како да се предложат идеи?
- Краен рок за доставување предлози
- Изработка на постери
- Поставување постери на видливи места: влез во училиштето, ходници, кантина, училници
- Објави и најави преку училишниот разглас, веб-страница, социјални мрежи или во живо од наставници.
Внесување на имињата на учениците од сите одделенија на онлајн платформата Wheel of Names (https://wheelofnames.com/)
- Се собираат имињата на сите ученици поделени по одделенија
- Се создава посебно „тркало“ (список) за секое одделение
- Секое име се внесува само еднаш
- Платформата автоматски ротира и избира едно или повеќе имиња по случаен избор
- Сите податоци треба да се проверуваат за точност пред извлекување.
Подготовка на учениците за процесот на предлагање идеи, со поддршка од наставници-ментори
- Организирање кратки сесии со одделенските раководители или со менторите
- Објаснување што значи добра идеја (реална, корисна, иновативна)
- Понуда на примери од претходни години или слични проекти
- Помош во пополнување на образецот, доколку е потребно
- Поттикнување соработка меѓу ученици и развој на тимски предлози
Организирање на извлекување ученици од секое одделение, со користење на Wheel of Names, во присуство на ученици и наставници, за правичен и транспарентен избор
- Договарање ден и време за извлекувањето
- Поканување претставници од секое одделение и наставници
- Подготвување лаптоп/проектор за прикажување на Wheel of Names
- Јавно вртење на „тркалото“ за секое одделение, еден по еден
- Запишување на избраните имиња и нивно објавување
- Можност за поставување прашања и појаснување на процесот на лице место
- Создавање едноставен и разбирлив образец (може да биде Google Form или печатена верзија), со прашања како:
- Реализација
Подготовка на предлозите од избраните ученици со помош на наставници-ментори
- Избраните ученици се групираат (индивидуално или по мали тимови) и добиваат ментори – наставници кои ќе ги советуваат и насочуваат.
- Заедно се работи на:
- Појаснување на идејата (што точно е предлогот)
- Определување на целта (што се сака да се постигне)
- Идентификација на потребните ресурси (материјали, простор, луѓе)
- Разработка на план за реализација (чекори, временска рамка)
- Подготовка на кратка презентација (усна и/или визуелна)
- Менторите ги поттикнуваат учениците да бидат креативни, но и реални и практични.
Претставување на предлозите пред ученичкиот парламент
- Се организира посебен состанок на ученичкиот парламент (може да биде отворен и за други ученици)
- Секој избран ученик или тим ја претставува својата идеја (усно, со помош на презентација, постер, цртеж или кратко видео)
- Секој предлог треба да биде јасен, аргументиран и краток (на пример: до 5 минути по презентација)
- Може да се користат и визуелни помагала: PowerPoint, флаери, макети
Дискусија и евалуација на предлозите од страна на ученичкиот парламент
- Членовите на парламентот дискутираат по секоја презентација:
- Колку е идејата корисна и применлива?
- Колку ученици би имале корист од неа?
- Дали е реалистична за реализација во рамките на училиштето?
- Се користат критериуми за евалуација (може да се користи евалуациска табела или гласање со поени)
- Во процесот може да учествуваат и наставници како советници, но без право на глас (доколку така се одлучи)
Избор и реализација на најдобрите предлози
- Се избираат од 1 до 3 најдобри предлози (во зависност од ресурси, време и обем)
- Се формираат тимови за реализација, составени од ученици и ментори
- Се прави детален план за спроведување (со рокови, задачи, материјали)
Изложба или објава на сите предлози на училишното пано и/или социјалните мрежи на училиштето
- Се создава визуелна изложба на училишното пано:
- Печатени верзии од предлозите (со слики, кратко објаснување, имиња на ученици)
- Можност и за поставување QR-кодови со видеа или презентации
- Се објавуваат предлозите и на училишниот профил на социјалните мрежи
- Со опис, фотографии од процесот, линкови до презентации
- Се мотивираат и другите ученици да продолжат да размислуваат креативно и да се вклучуваат во идни иницијативи
- Евалуација – на пример, кратка анкета или дискусија по секој циклус за тоа колку учениците се чувствуваат слушнати и дали нивните предлози се реализираат.

Училиште
Ментор
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
- Соња Трифуновска
- Маја Михајлоска
- Зоран Јованоски
- Дрита Малсиа
- Сермијете Идризи
- Матеј Дојчиновски
- Мартина Трајческа
- Ниса Кочиштe (Nisa Koçishte)
- Ноар Касами (Noar Kasami)
- Дијана Савеска
- Марија Спироска
- Анамарија Спировска
- Лиjана Бајрами (Lijana Bajrami)
- Кристина Стојческа
- Дарио Матески
- Сонила Мустафи (Sonila Mustafi)
- Едис Идризи (Edis Idrizi)
- Илија Петровски
- Елона Шабани (Elona Shabani)
- Лендар Идризи (Lendar Idrizi)





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.