Гласот на младите – TED-училишна сцена 

Тема

Зголемување на учеството на учениците во донесување одлуки

Предизвик

Како би можеле да ги мотивираме учениците да преземаат иницијативи во училишниот живот, a со цел да ја подобриме училишната клима и да ја зголемиме самодовербата кај учениците?​ 

За активноста

Форми на работа

Групна и индивидуална (публика + презентери)

Време на реализација

20 минути (може да се прошири според бројот на учесници)

Возраст

Ученици од VI до IX одделение, вклучително и членови на ученичкиот парламент

Локација

Училница, училиштен хол, двор или спортска сала (во зависност од временски услови и број на учесници)

Потребни материјали

  • ​Листови во боја
  • Маркери
  • Табла или хартија за табла
  • Столчиња за публиката
  • Микрофон и звучник (по потреба)

Цели

  • Поттикнување критичко, креативно и самостојно размислување
  • Развивање вештини за јавно говорење и за ефикасна презентација
  • Јакнење на самодовербата и на лидерските способности кај учениците
  • Поттикнување ученичка иницијатива и граѓански активизам

Очекувани резултати

  • Подобрување на комуникациските и презентациските вештини
  • Активно учество во училишниот живот и во демократските процеси
  • Поголема информираност и слобода на изразување
  • Создавање позитивна и училишна клима во која постои поддршка
  • Најмалку 10 ученици ќе одржат свој говор во текот на првиот месец.
  • 70 % од учениците ќе пријават дека се чувствуваат посамоуверени при јавен настап.
Чекори
  • Подготовка

    ​Чекор 1 (подготовка)

    • Заеднички избор на тема (пример: „Што значи да имаш глас во училиште?“, „Промената започнува од нас“, „Зошто е важно моето мислење?“)
    • Учениците, со поддршка од наставници, подготвуваат кратки говори (1,5 до 3 мин.)
    • Користење алатки за планирање говор (вовед – проблем – личен пример – порака – заклучок)
    • Поставување три клучни прашања:
      • Што сакам да променам или да споделам?
      • Зошто е важно ова за моите соученици?
      • Каква акција очекувам по мојот говор?
  • Реализација
    • Учениците создаваат кратко сценарио за својот TED-Talk, вклучувајќи вовед, главна порака, примери и моќен заклучок.
    • Членовите на ученичкиот парламентот ја отвораат сесијата со свој TED-Talk со цел да го поттикнат интересот и да ги мотивираат учениците.
    • Преку интерактивни прашања и поттикнување, претставниците поттикнуваат други ученици да излезат пред публиката и да ги споделат своите мислења, особено на теми што предизвикуваат нови размислувања.
    • Сесиите може да се одржуваат седмично или месечно каде што по еден ученик го одржува својот TED-Talk пред одделението или целото училиште, градејќи ја самодовербата и говорничките вештини.
    • Наставниците и учениците даваат поддршка и позитивни коментари по одржаниот TED-Talk, поттикнувајќи раст и напредок.
    • Учениците кои сакаат да се усовршат во говорењето добиваат помош преку работилници и менторство.
    • Наградување на најкреативните, најинспиративните и најдобро подготвените TED-Talks со сертификати или други форми на признание.

Училиште

ООУ „Вера Циривири-Трена“ – Скопје

Ментор

Александра Блажевска
Проверено

Ана Попризова

Проф . Д-р Софија Георгиевска

Училишен тим
  1. Александра Димитрова
  2. Стефан Велков
  3. Меланија Симјаноска
  4. Стефанија Златева
  5. Марија Трајчевска
  6. Стефан Ѓорѓиевски
  7. Антонија Лола Ефремова
  8. Никола Јовановски
  9. Тамара Несторовска
  10. Анастасија Николова
  11. Емилија Ристиќ
  12. Јана Андреевска
  13. Донка Китанова
  14. Дамјан Сиваков
  15. Арсениј Манов
  16. Симон Стојановски
  17. Аделиса Папиќ
  18. Владан Стефановиќ
  19. Оља Стојановска
  20. Марија Стојановска
  21. Андреј Петровски
  22. Калина Георгиевска
  23. Калина Ачковска
  24. Софија Мирковска
  25. Бора Аго
  26. Весна Филиповска
  27. Јана Ставревска
  28. Јоана Кимовска
  29. Никола Домби
  30. Ана Дионисиева
  31. Николина Мицковска
  32. Јасмина Сретеновска

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.