Движење за здравје

Тема

Зголемување на учеството на учениците во донесување одлуки

Предизвик

Како би можеле да ја зголемиме физичката активност кај учениците со цел да поттикнеме здрав развој кај сите ученици?

За активноста

Форми на работа

Индивидуална, во тимови

Време на реализација

60 минути, секој последен понеделник во месецот

Возраст

Ученици од I-IV година

Локација

Училишни терени

Потребни материјали

  • Конуси или знаци за означување на патеката
  • Станици со задачи: хулахопи, јажиња за скокање, топки за ракомет/кошарка
  • Плакати со упатства за секој предизвик на станиците
  • Картички за собирање печати по завршување на секој предизвик
  • Музика за мотивирање и забавен амбиент (изборно)



Цели

Очекувани резултати

Чекори
  • Подготовка

    Означување на патеката со станици

    Учениците-организатори поставуваат конуси и знаци за обележување на патеката, создавајќи круг низ училишниот двор или спортскиот терен.По должината на патеката поставуваат неколку станици со различни физички предизвици. Секој предизвик треба да биде брз и забавен, како што се:

    • Станица 1: Скокање со јаже – направи 20 скока за да продолжиш.
    • Станица 2: Хулахоп – заврти го хулахопот 10 пати без да падне.
    • Станица 3: Трчање наназад до следниот конус.
    • Станица 4: Прецизно фрлање – внеси топка во кошот или во мала мрежа.
    • Станица 5: Прескокнување препреки или конуси поставени на патеката.

    Подготовка на картички за предизвик

    • Секој ученик добива картичка на почетокот на маратонската патека. На секоја станица, ученикот ќе добие печат или налепница по завршување на предизвикот, што ќе му помогне да го следи својот напредок.
  • Реализација

    Почеток на маратонската патека

    • Организаторите даваат краток вовед и објаснуваат како се изведува маратонската патека. Секој ученик започнува од стартната линија и се движи од станица до станица, завршувајќи ги предизвиците.
    • Ученикот мора да го заврши предизвикот на секоја станица за да може да продолжи понатаму.

    Печати и проверка на патеката

    • По завршувањето на секој предизвик, организаторите или волонтери ги наградуваат учениците со печат на нивната картичка. Кога ќе ги завршат сите станици, тие се враќаат на стартната позиција.

    Завршување и наградување

    • Учениците кои ги завршуваат сите предизвици добиваат мали награди или сертификати за учество. Наградите може да вклучуваат здрави грицки, пофалби, или значки.
    • Организаторите завршуваат со кратко собрание каде што ги пофалуваат сите ученици за нивното учество и ги поттикнуваат да се придружат и следниот месец.

    Сесија за размислување и следни предлози

    • По завршувањето, организаторите ги прашуваат учениците кои предизвици им биле најинтересни и ги покануваат да предложат нови идеи за предизвици за следниот месец. Ова ја прави активноста интерактивна и поттикнува креативност. 

Прилози

Училиште

СОУ„Георги Димитров“, Скопје

Ментор

Проверено
Училишен тим

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.