Различни, но заедно: Играј, дружи се, поддржи!
Тема
Предизвик
За активноста
Форми на работа
Време на реализација
Возраст
Локација
Потребни материјали
- Балони во боја,
- Корпички,
- Пластични лажици,
- Јаже,
- Мали топчиња,
- Топка за кошарка

Цели
- Развивање разбирање и почит кон различностите
- Поттикнување соработка и тимска работа без предрасуди
- Развивање вештини за тимска поддршка и емпатична комуникација
Очекувани резултати
- Развиена свесност кај учениците за потребите од пријателство, игра и вклученост на лицата со попреченост
- Развиено чувство за поддршка и за солидарност кај учениците, преку мешани тимови и заеднички игри
- Учениците би препознале најмалку два нови начини како да им помогнат на соученици со ПОП во секојдневниот живот
- Зголемена видливоста на учениците со ПОП во училишниот двор

- Подготовка
Договор на тимот за избор на игри кои ќе вклучуваат ученици со ПОП
- Формирање организациски тим (наставници, стручна служба, претставници на ученички парламент).
- Дефинирање критериуми за избор на инклузивни игри (лесно разбирливи, физички приспособливи, кооперативни).
Подготовка на список со игри и опис на секоја од игрите
- Краток опис, правила, потребен број учесници, очекувано времетраење, приспособување за ученици со ПОП. (Прилог 1)
- Обележување игри според видот на попреченоста (физичка, когнитивна, сензорна и сл.).
Подготовка на соопштение за реализација на активноста
- Датум и време на одржување.
- Место на активноста (училиштен двор, спортска сала и сл.).
- Вклучени одделенија и број на ученици (со и без ПОП).
- Имиња на одговорни наставници и на организатори.
- Насоки за облека, реквизити и придружба.
Обезбедување реквизити за реализација на активноста
- Топки, јажиња, конуси, маркери, фломастери, балони и други потребни материјали.
- Проверка на безбедноста и функционалноста на реквизитите.
- Реализација
Подготовка на теренот за спроведување на активноста
- Обележување зони за игри.
- Поставување реквизити.
- Подготовка на простор за одмор и за освежување.
Обезбедување редари при реализација на активноста
- Одредување ученици/наставници/волонтери кои ќе се грижат за ред, помош, безбедност и насочување.
- Воведување план за брза интервенција (во случај на повреда, замор и сл.).
Реализација на активноста
- Означување на почетокот на игрите
- Претставување на игрите и на правилата за игра
- Формирање на тимовите
- Симболично прогласување на победниците
- Заедничко дружење и забава

Училиште
Ментор
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
- Јања Митровиќ
- Евгенија Тасевска
- Јања Спасовска
- Џина Трајковска
- Михаил Илиевски
- Леонид Станишковски
- Милан Спасовски
- Петар Стојановски
- Ѓорѓи Гиевски
- Ана Вељковска
- Сташа Јевтиќ
- Лана Трајковска
- Ана Рајовска
- Мила Чедомирска
- Лана Владов
- Давид Величковски
- Лана Јосимовска
- Нина Лазаревска
- Беба Милчин
- Алексеј Николов
- Коста Павловски
- Андреа Симоновска
- Марко Давитковски
- Зорана Јосевска
- Јаков Хрличка
- Леонтина Петрушевска
- Јулијана В.Петковски
- Милена И.Пешиќ
- Наташа Ѓирѓевиќ
- Гоце Крстевски





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.