Права + обврски = Ученик што менува! 

Тема

Промовирање на еднакви права за сите ученици и ученички

Предизвик

Како би можеле да ја зголемиле информираноста за правата и одговорностите на детето кај учениците, а со цел создавање здрава и позитивна училишна средина?

За активноста

Форми на работа

Индивидуална, групна

Време на реализација

40 до 60 минути (со можност за продолжување при потреба)

Возраст

Ученици од IV и VIII одделение

Локација

Училница

Потребни материјали

  • Хамери (формат А2 или А3) – по еден за секоја група
  • Бела и хартија во боја
  • Фломастери, маркери, моливи, боички
  • Лепило, селотејп, ножички
  • Шпенадли / боцки за закачување на постерите
  • Лепливи листови, шаблони

Цели

  • Подигање на свеста кај учениците за значењето на правата и одговорностите на детето
  • Поттикнување критичко размислување преку врсничко учење
  • Развивање чувство за почит, заедништво и граѓанска одговорност

Очекувани резултати

  • Учениците ќе можат да именуваат и да објаснат најмалку 5 права и 3 одговорности на детето
  • Ќе понудат примери од сопственото секојдневие
  • Ќе се поттикне позитивна и атмосфера во која се поттикнува поддршка
  • Постерите ќе останат изложени најмалку еден месец за да служат како потсетник за сите ученици
Чекори
  • Подготовка
    • Учениците-членови на училишниот тим добиваат задача однапред да истражат информации за правата и за обврските на детето (користејќи училиштен правилник и интернет-ресурси).
    • Подготвуваат материјали и визуелен пример за постер.
    • Наставниците-ментори обезбедуваат простор и логистичка поддршка.
  • Реализација

    Отворање на активноста

    • Активноста започнува со кратка интерактивна дискусија модерирана од ученици од тимот. Се поставуваат прашања:
      • Што значи да имаш право?
      • Кои се обврските на еден ученик во училиште?
      • Како изгледа училиште каде што сите ги почитуваат правата и одговорностите?

    Групна работа

    • Учениците се делат во мешани групи (од IV и VIII одделение).
    • Секоја група добива хамер, фломастери и добива задача да изработи постер со минимум 5 детски права и 3 обврски, со конкретни примери од училиштето.
    • Членовите на училишниот тим ги насочуваат, поставуваат водечки прашања и им помагаат во креативниот процес.

    Презентација и изложба

    • Секоја група го претставува својот постер пред останатите.
    • Следи кратка дискусија со прашања од типот:
      • Како се чувствувате кога другите ги почитуваат вашите права?
      • Како би реагирале ако видите прекршување на нечие право?
      • Постерите се изложуваат на заедничко пано/табла во холот на училиштето.

     

Училиште

ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово

Ментор

Александра Блажевска
Проверено

Ана Попризова

Проф . Д-р Софија Георгиевска

Училишен тим
  1. Љупчо Лазаровски
  2. Мирјана Манева Арсовска
  3. Биљана Николовска
  4. Бојан Арсовски
  5. Матеја Лампевска
  6. Меланија Милошевска
  7. Сара Стојковска
  8. Божидар Златковски
  9. Предраг Митевски
  10. Филип Димитров
  11. Ана Митевска
  12. Невена Стоилевска
  13. Марио Андовски
  14. Емил Тасев
  15. Теона Тодоровска
  16. Меланија Миневска
  17. Теона Лазаревска
  18. Нела Милановска
  19. Тијана Стоилевска
  20. Мила Коцевска
  21. Лука Иванов
  22. Огнен Илиевски
  23. Лана Крстевска
  24. Давор Тоневски
  25. Михаил Иванов
  26. Сергеј Ристовски
  27. Мила Димитриевска

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.