И професорите се ученици 

Тема

Зголемување на учеството на учениците во донесување одлуки

Предизвик

Како би можеле да ги поттикнеме професорите да ги прифаќаат ученичките иницијативи, а со цел да се подобри училишната атмосфера?

За активноста

Форми на работа

Групна и индивидуална

Време на реализација

50 минути

Возраст

Ученици од I до IV година

Локација

Училница со доволно простор

Потребни материјали

  • Хамери,
  • Маркери,
  • Бели листови,
  • Фломастери,
  • Пенкала,
  • Табла со хартија,
  • Компјутер,
  • Проектор (доколку има презентација),
  • Звучник (по потреба),
  • Селотејп,
  • Лепак.

Цели

  • Да се подобри комуникацијата и разбирањето помеѓу учениците и наставниците.
  • Да се поттикне активно учество и поддршка на ученички иницијативи од страна на професорите.
  • Да се создаде простор за размена на мислења, идеи и предлози во позитивна и безбедна атмосфера.
  • Да се промовира рамноправност во односот ученик–професор.
  • Да се намали перцепцијата дека иницијативите на учениците не се вреднувани.
  • Да се изгради култура на заемна поддршка, каде што и професорите учат од учениците.

Очекувани резултати

  • Подобрена релација наставник-ученик заснована на почит и разбирање.
  • Зголемен број предложени и поддржани ученички иницијативи.
  • Поголема мотивација кај учениците за вклучување во училишниот живот.
  • Формирање заедничка листа на прифатени иницијативи што ќе се реализираат во наредниот период.
  • Подобрена атмосфера на часовите – учениците повеќе ќе чувствуваат дека нивниот глас е слушнат.
  • Поголема транспарентност во комуникацијата професори–ученици.
Чекори
  • Поготовка
    • Собирање содржини (врски, цитати, примери) за ѕидниот весник „И професорите се ученици“.
    • Изработка на ѕиден весник од страна на УТ.
    • Одбирање модератор на дебатата од редот на учениците.
    • Формулирање отворени прашања за дебата (од учениците, со поддршка од еден наставник/ментор).
    • Изработка и праќање е-покана до професорите.
    • Резервација и уредување на училницата (физички распоред и техничка подготовка).
  • Реализација
    • Подредување на просторот: 15 столчиња во форма на полукруг за професорите, презентациски пулт за учениците и модераторот, прикажување на ѕидниот весник.
    • Краток вовед во целта и структурата на дебатата од страна на модераторот (5 мин.).
    • Почеток на дискусијата со воведно прашање (10 мин.).
    • Активна дебата помеѓу ученици и професори (мешани тимови од ученици и наставници) (25 мин.).
    • Резиме со договорени предлози и идни чекори (10 мин.).
    • По завршувањето на дебатата, резултатите и предлозите можат да се сумираат во краток извештај или плакат што ќе биде поставен во холот – „Заеднички идеи за подобро училиште“.
    • Планирање следна средба професори–ученици за проверка на реализацијата на иницијативите.

Училиште

СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп

Ментор

Никола Делевски
Проверено

Ана Попризова

Проф . Д-р Софија Георгиевска

Училишен тим
  1. Анита Бунеска
  2. Емилија Николоска
  3. Лидија Тошеска
  4. Алексеј Сркески
  5. Меланија Боцеска
  6. Стефани Јаковлеска
  7. Теодора Јанческа
  8. Нена Тодороска

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.