Како да реагираме? 

Тема

Превенција и заштита од насилство

Предизвик

Како би можеле да ги едуцираме учениците од VI до VIII одделение за посоодветни начини на реагирање при ученичко насилство, a со цел да се подобри односот и меѓусебната комуникација меѓу соучениците?

За активноста

Форми на работа

Групна

Време на реализација

40 минути

Возраст

Ученици од VI до VIII одделение

Локација

Училница

Потребни материјали

  • Наставни ливчиња,
  • Хартија,
  • Хамер,
  • Пенкало,
  • Фломастери,
  • Боички 

Цели

  • Подигнување на свеста за различните форми на ученичко насилство преку создавање драмско сценарио, кое ќе прикаже конкретен проблем и ќе понуди решение во форма на позитивна промена.
  • Обучување на учениците како да реагираат во ситуации на насилство, вклучувајќи стратегии за поддршка на жртвите.
  • Развивање емпатија кај учениците, за да разберат како нивните реакции можат да влијаат врз насилството и односите помеѓу соучениците.

Очекувани резултати

  • Учениците ќе научат како соодветно да се однесуваат и како да се справат во случај на ученичко насилство.
  • Учениците ќе развијат емпатија за жртвите на насилство и ќе разберат какви последици може да има нивниот избор на реакција.
  • Активноста ќе ја поттикне позитивната атмосфера во училишната средина и ќе ги поттикне учениците да се вклучат во борбата против насилството.
  • Ќе бидат формирани најмалку 4 сценарија кои остануваат достапни како материјал за идни генерации.
Чекори
  • Подготовка

    Изработка на материјалите:

    • Со помош на наставници-ментори, учениците од училишниот тим подготвуваат Упатство за пишување сценарио и Работен лист за сценариото.
    • Ливче за размислување со прашања за рефлексија по завршувањето на активноста.

    Објаснување на активноста:

    • Учениците, со поддршка на наставниците-ментори, им ја објаснува активноста на учениците кои учествуваат во активноста, акцентирајќи ја важноста на учеството во решавањето на проблемот на ученичко насилство.

    Групирање на учениците:

    • Учениците се делат во 4 групи, секоја група со 4 ученици, и секој ученик добива улога (насилник, жртва, набљудувач, помагач).

    Пишување на сценарија:

    • Групите пишуваат сценарија на тема „Различни форми на насилство“ (вербално, физичко, социјално и онлајн насилство) користејќи ги упатствата и работните листови.
  • Реализација
    • Учениците ги одигруваат сценаријата пред останатите.
    • По одиграните сценарија учениците добиваат ливче за рефлексија – „Ливче за размислување“ со 8 прашања.
    • Учениците ги одговараат прашањата.
    • Неколку ученици читаат од нивните ливчиња пред останатите и се дискутира за одговорите.
    • На крајот од активноста учениците ги пишуваат извлечените пораки и заклучоци на хамер.

    Одигрување на сценаријата:

    • Учениците ги одигруваат своите сценарија пред целата група, користејќи ги различните улоги (насилник, жртва, набљудувач и помагач).

    Рефлексија по сценариото:

    • По завршувањето на сценаријата, учениците добиваат Ливче за размислување со осум рефлексивни прашања.
    • Учениците ги пополнуваат ливчињата и ги читаат одговорите пред групата.

    Дискусија:

    • Се започнува дискусија за одговорите, каде што се разгледуваат различни гледишта и решенија за насилството.

    Заклучоци:

    • На крајот, учениците ги споделуваат заклучоците и пораките кои ги извлекле од активноста.
    • Тие ги пишуваат на хамер или на некоја ѕидна табла, што ќе послужи како континуирана потсетник за важноста на борбата против насилството во училиштето.

Училиште

ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово

Ментор

Александра Блажевска
Проверено

Ана Попризова

Проф . Д-р Софија Георгиевска

Училишен тим
  1. Љупчо Лазаровски
  2. Мирјана Манева Арсовска
  3. Биљана Николовска
  4. Бојан Арсовски
  5. Матеја Лампевска
  6. Меланија Милошевска
  7. Сара Стојковска
  8. Божидар Златковски
  9. Предраг Митевски
  10. Филип Димитров
  11. Ана Митевска
  12. Невена Стоилевска
  13. Марио Андовски
  14. Емил Тасев
  15. Теона Тодоровска
  16. Меланија Миневска
  17. Теона Лазаревска
  18. Нела Милановска
  19. Тијана Стоилевска
  20. Мила Коцевска
  21. Лука Иванов
  22. Огнен Илиевски
  23. Лана Крстевска
  24. Давор Тоневски
  25. Михаил Иванов
  26. Сергеј Ристовски
  27. Мила Димитриевска

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.