Учиме и создаваме заедно 

Тема

Зголемување на учеството на учениците во донесување одлуки

Предизвик

Како би можеле да ги поттикнeме учениците на подобра соработка со професорите, a со цел да се обезбеди еднакво учество во вонучилишни активностите?

За активноста

Форми на работа

Тимска работа, креативни работилници, групна дискусија и рефлексија

Време на реализација

2 час и 30 минути

Возраст

Ученици од I до III година

Локација

Училница (приспособена за тимска работа)

Потребни материјали

  • Картонски постери, фломастери
  • Лепенки, ножици, лепило
  • Тајмер или часовник
  • Листови за пишување
  • Табла за презентација
  • Мобилни уреди

Цели

  • Поттикнување рамноправна, продуктивна и креативна соработка помеѓу ученици и професори.
  • Развивање вештини за тимска работа, комуникација и активно слушање.
  • Поттикнување слободно изразување на идеи во сигурна средина.
  • Градење позитивна училишна клима преку заемна поддршка.
  • Да се охрабри заедничко создавање училишни иницијативи наместо еднонасочна комуникација ученик–наставник.
  • Да се надмине бариерата „ние и тие“ меѓу ученици и професори.
  • Да се создаде модел за партнерство во идни ученички и проектни активности.

Очекувани резултати

  • Подобрена соработка и меѓусебна доверба помеѓу ученици и наставници.
  • Поголема активност и вклученост на учениците во училишните процеси.
  • Подобрено чувство на рамноправност и припадност во училиштето.
  • Создадени иновативни идеи и предлози за подобрување на наставата и училишната клима.
  • Поголема доверба – учениците гледаат дека професорите се отворени да слушаат идеи.
  • Наставниците добиваат увид во потребите на учениците и нови методи на вклучување.
  • Засилена мотивација на учениците за учество и надвор од наставата.
Чекори
  • Подготовка

    (Реализираат: ученички тим + педагог/психолог)

    • Подготовка на 5 теми/мисии во согласност со наставните предмети и тековните прашања во училиштето.
    • Формирање 5 мешани тимови (1 професор + 4 ученици од различни струки).
    • Уредување на училницата – секој тим има своја маса со материјали.
    • Подготовка на воведен текст од страна на ученик-фасилитатор.
    • Техничка подготовка: часовник, уреди, табла за презентации.
  • Реализација

    Вовед во активноста 

    (Фасилитатори: ученик и педагог)

    • Кратко воведување: зошто е важна рамноправната соработка.
    • Споделување примери за подобрување на училишната средина преку тимска работа.
    • Објаснување на задачата: креативна мисија по предметна област.

    Тимска мисија 

    (Тимови: професор + ученици)

    • Секој тим извлекува една од 5-те „Теми со мисија“ (на пример: „Како може математиката да се направи повозбудлива?“ или „Како да ја поттикнеме емпатијата преку спорт?“).
    • Тимовите соработуваат, дискутираат и создаваат решение/предлог (постер, кратка презентација или идеја).
    • Тимовите се охрабруваат да го изразат секој глас подеднакво.

    Презентација 

    • Тимовите ги претставуваат своите решенија пред останатите.
    • Претставник на ученичкиот тим забележува креативност, соработка и изразеност.
    • На крајот, се прогласува тим со „највлијателна идеја“ (не со поени, туку мотивирачки).

    Рефлексија и дискусија 

    (Фасилитатори: психолог и ученик-претставник)

    • Отворена дискусија:
      • Што научивме?
      • Кој беше најголемиот предизвик?
      • Како може ова искуство да го примениме секојдневно?
    • Претставник од секој тим споделува по едно лично искуство.
    • По завршувањето, најдобрите идеи од мисиите се составуваат во заеднички извештај/плакат „Наши идеи за подобра настава“ кој се изложува во холот.
    • Ученичкиот тим може да ги претстави овие идеи и на наставнички совет, што ќе ја зголеми тежината на активноста.

Училиште

СОУ „Св. Наум Охридски“ – Македонски Брод

Ментор

Никола Делевски
Проверено

Ана Попризова

Проф . Д-р Софија Георгиевска

Училишен тим
  1. Маја Т.Стојаноска
  2. Даниел Крстески
  3. Маријана Ѓореска
  4. Радмила Огненоска
  5. Ангела Цветаноска
  6. Матеја Секулоска
  7. Ивона Котеска
  8. Валентин Трајкоски
  9. Дамјан Китаноски

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.