Глас на поддршка – Застани против насилството!
Тема
Предизвик
За активноста
Форми на работа
Време на реализација
Возраст
Локација
Потребни материјали
- Леплива трака (за означување на просторот)
- Топки (за интерактивни игри)
- Картички со сценарија за вербално насилство
- Хартија за табла и маркери (за белешки)
- Свирче (за означување почеток и крај на активности)
- Презентација (дигитална или печатена)

Цели
- Да се развијат социјални и комуникациски вештини кај учениците
- Да се поттикне препознавање и конструктивна реакција на вербално насилство
- Да се зајакне емпатијата и поддршката меѓу учениците
- Да се гради доверба и соработка преку тимска работа
- Да се изгради култура на ненасилна комуникација и активно застапување.
- Да се намали стравот од вклучување и пријавување насилство.
- Да се поттикнат учениците да ја преземат улогата на сведоци кои реагираат, а не набљудувачи.
Очекувани резултати
Учениците ќе се здобијат со конкретни стратегии за асертивна комуникација
- Зголемена свест за влијанието на вербалното насилство
- Подобрување на тимската атмосфера во училишната заедница
- Поголема активност на учениците во улога на лидери и поддржувачи
- Поголема подготвеност на учениците да реагираат во реални ситуации.
- Јакнење на довербата во стручните служби и наставниците како поддржувачи.
- Формирање група ученици „поддржувачи“ кои во иднина можат да бидат промотори на ненасилна култура.

- Подготовка
- Презентација: Подготвена од педагог и ученик-фасилитатор
- Картички со сценарија: Изработени од ученички тим (3-5 различни ситуации)
- Групирање ученици: Организирано однапред по случаен избор или паралелки
- Означување простор: Со леплива трака од професорот по спорт
- Проба со фасилитаторите: Кратка симулација на сценарија и дискусија
- Реализација
Вовед и едукација
Фацилитатори: Педагог од училиштето и ученик
- Кратка презентација: Што е вербално насилство и како нè засега?
- Реални примери од училишната средина
- Објаснување на можните начини на реагирање (асертивно однесување, пријавување, поддршка на жртва)
Симулација на ситуации
Фацилитатори: Тим од ученици-доброволци и координатор
- Учениците се поделени во групи по 5
- Секоја група добива сценарио
- Подготовка 5 минути – потоа изведба пред останатите
- Повратни информации и насоки од педагог/фасилитатор
- Кратка рефлексија: Што научивме? Кои стратегии беа најефективни?
Интерактивна игра „Реагирај правилно!“ (20 минути)
Фацилитатори: Професор по спорт и педагог
- Учениците стојат во круг
- Професорот фрла топка и поставува сценарио
- Ученикот одговара кратко како би реагирал
- Ја фрла топката на следен ученик
- Играта се игра додека сите не учествуваат
- На крај – заедничко резимирање и поентирање на најважните стратегии
- Идеите и пораките од учениците можат да се преточат во плакат или мини-кампања што ќе се изложи во холот.

Училиште
Ментор
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
- Маја Т.Стојаноска
- Даниел Крстески
- Маријана Ѓореска
- Радмила Огненоска
- Ангела Цветаноска
- Матеја Секулоска
- Ивона Котеска
- Валентин Трајкоски
- Дамјан Китаноски





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.