Гласовна станица – Слободно зборувај! 

Тема

Зголемување на учеството на учениците во донесување одлуки

Предизвик

Како би можеле да го намалиме стравот и срамежливоста кај учениците од VI одделение при споделување на нивното мислење, а со цел да создадеме простор каде што ќе се чувствуваат слободни и сигурни да го изразат своето мислење без страв од осуда?

За активноста

Форми на работа

Работа во мали групи, индивидуално изразување, партнерска работа, групна активност

Време на реализација

60 минути активност + 15 минути неформално дружење (може да се повторува еднаш месечно)

Возраст

Ученици од VI одделение

Локација

Училница / Читална / Мала сала / Училишна библиотека

Потребни материјали

  • Картонски „облачиња“ за пораки (претходно исечени)
  • Маркери, фломастери, пенкала
  • Отпечатени сценарија за глума (по 1 за секоја група)
  • Ливчиња за рефлексија
  • Лепливи ленти или магнети за „Ѕидот на слободно мислење“
  • Освежување (сокчиња, бисквити)
  • Снимач/диктафон (по потреба, за снимање идеи или пораки)

Цели

  • Да се намали стравот и срамежливоста при споделување мислење
  • Да се создаде безбеден простор за изразување, на иницијатива на учениците
  • Да се зајакне ученичката поддршка меѓу врсниците
  • Да се зголеми видливоста на ученичкиот глас во училиштето

Очекувани резултати

  • Поголема отвореност и самодоверба кај учениците
  • Подобра вклученост на тивките ученици во разговорите
  • Зголемена солидарност и емпатија меѓу учениците
  • Конкретни идеи/пораки од ученици што ќе бидат претставени пред ученичкиот совет или на училишните настани
  • Препознавање на улогата на ученичкиот тим како ресурс
  • Најмалку 5 пораки ќе бидат прочитани/споделени во групата
Чекори
  • Подготовка
    • Ученичкиот тим се состанува најмалку една седмица пред активноста.
    • Заеднички го дефинираат форматот (групна сесија, индивидуално споделување, активности).
    • Тимот подготвува сценарија или игри за „топење на мразот“.
    • Се уредува просторот така што ќе наликува на „безбеден и неформален простор за споделување“: перници, постери со позитивни пораки, станица за сокчиња.
    • Се изработуваат визуелни материјали (облачиња за пораки, ѕид за мислење, ознаки за улоги).
    • Се договара кој член од ученичкиот тим ќе ја модерира активноста и кој ќе обезбеди логистичка поддршка (музика, фотографирање, собирање пораки).
    • Наставникот-ментор го проверува планот, ги поддржува учениците во организирањето и, по потреба, комуницира со други наставници за време/простор.
  • Реализација

    Добредојде 

    • Учениците од тимот ги пречекуваат шестоодделенците со картончиња со нивни „нови имиња“ (измислени ликови/животни).
    • Кратка игра за загревање: „Мојот глас, мојата боја“ – секој изговара едно чувство во моментот и го споредува со боја.

    Интерактивна активност: „Сцена на моето мислење“ 

    • Групи од 3 до 4 ученици од шесто одделение добиваат сценарио со замислена ситуација каде што треба да изразат свое мислење.
    • Наместо да зборуваат како што зборуваат тие, тие глумат улога (измислен лик/животно/јунак).
    • Групите ги изведуваат сцените пред останатите.
    • Пример за сценарија:
      • Сакаш да предложиш нова активност за одморите.
      • Не ти се допаѓа идејата за групирање во проекти и сакаш да кажеш зошто.
      • Мислиш дека е потребно повеќе спорт во училиштето.

    Игра: „Порака во облаче“ 

    • Учениците добиваат облаче на хартија и во него пишуваат што би кажале во реална ситуација, но се плашат.
    • Ги читаат само ако сакаат – или ги оставаат на ѕидот „Гласовна слобода“.

    Кружок за рефлексија – „Како си поминав?“ 

    • Ученичкиот тим поставува прашања:
      • Кога најмногу се чувствував слободен да зборувам?
      • Што ми помогна да се опуштам?
      • Дали сега би се осмелил/а да кажам нешто пред цело одделение?

     

Училиште

ООУ „Св. Кирил и Методи“ – Кочани

Ментор

Александра Блажевска
Проверено

Ана Попризова

Проф . Д-р Софија Георгиевска

Училишен тим
  1. Катерина Лазаровска
  2. Марија Величкова
  3. Лилјана Јовановска
  4. Лана Лазарова
  5. Ема Јосевски
  6. Радмила Атанасова
  7. Стефан Димитров
  8. Матеј Велков
  9. Михаил Солевски
  10. Јована Георгиева
  11. Леона Досева
  12. Јован Атанасов
  13. Лина Спасова
  14. Михаил Каров
  15. Сара Панова
  16. Исидора Спасовски

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.