Ајде да учиме на наш начин!

Тема

Зголемување на учеството на учениците во донесување одлуки

Предизвик

Како би можеле да ги поттикнеме учениците да даваат предлози за интерактивни часови, а со цел зголемување на редовноста во наставата на учениците?

За активноста

Форми на работа

Тимска работа, презентација, симулација/игра на улоги

Време на реализација

2 часа

Возраст

ученици од I до IV година

Локација

Училница / училишна библиотека / училиштен хол

Потребни материјали

  • Покани за учениците (хартиени или дигитални)
  • Шаблони за идеи/предлози
  • Фломастери, моливи, боички, лепливи ливчиња
  • Големи хартиени постери или табли за презентација
  • Презентациски картон или пано за закачување на идеите

Цели

  • Да се поттикне активно учество и иницијатива кај учениците.
  • Да се идентификува што ги мотивира учениците на часовите.
  • Да се добијат идеи за наставни активности што одговараат на интересите на учениците.
  • Да се гради култура на соработка и заедничко создавање на училишната средина.
  • Да се поттикне ученичка креативност и иновации во наставата.
  • Да се развијат комуникациски и презентациски вештини преку претставување на идеите. 

Очекувани резултати

  • Поголема ангажираност и мотивација кај учениците
  • Идеи кои наставниците можат да ги вклучат во своите часови
  • Јакнење на односот ученик-наставник преку соработка
  • Зголемена редовност заради чувство на вклученост
  • Конкретни предлози кои ќе бидат разгледани и делумно применети во текот на училишната година
  • Зголемено чувство на припадност кај учениците затоа што нивните идеи се слушнати и почитувани
Чекори
  • Подготовка
    • Одредување датум, простор и време
    • Покана до ученици
    • Подготовка на материјали (хартија за табла, маркери, лепливи ливчиња, шаблони за идеи)
    • Подготовка на водечки прашања (на пр. „Што би го направило часот по географија/математика/англиски поинтересен?“)
  • Реализација

    Реализација на работилницата:

    • Вовед: зошто зборуваме за интерактивна настава?
    • Тимска работа: учениците работат во групи и создаваат по еден „совршен час“
    • Презентација на предлозите
    • Гласање за најкреативна идеја
    • Избор на идеи кои можат да се предложат на наставничкиот совет

    По активноста:

    • Изработка на дигитален или хартиен постер: „Нашите идеи за подобра настава“
    • Споделување на идеите со наставниците преку наставничкиот совет или на училишниот блог
    • По презентациите, наставниците и ученичкиот тим прават акциски план со 2 до 3 идеи што можат веднаш да се имплементираат.
    • Учениците се информираат за тоа кои идеи се прифатени, за да имаат чувство дека нивниот труд е вреднуван.

Училиште

СОУ „Миле Јаневски Џингар“ – Македонска Каменица

Ментор

Никола Делевски
Проверено

Ана Попризова

Проф . Д-р Софија Георгиевска

Училишен тим
  1. Сара Велиновска
  2. Матеј Алексовски
  3. Моника Атанасова
  4. Илина Јаневска
  5. Ангела Гоцевска
  6. Сара Миленковска
  7. Филип Стојков
  8. Анастасија Николовска
  9. Сандра Јовановска
  10. Валерија Мицевска
  11. Јана Димитровска
  12. Михаела Ивановска
  13. Тифани Георгиевска

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.