Прегледи: 164
Расипан телефон
Тема
Зголемување на учеството на учениците во донесување одлуки
Предизвик
Како да ги подобриме вештините за комуникација кај учениците кои се чувствуваат изолирани и осамени, a со цел подобрување на атмосферата во училиштето?
За активноста
Форми на работа
Групна
Време на реализација
40 минути
Возраст
Ученици од VI одделение
Локација
Училница
Потребни материјали
- Училишни столчиња

Цели
- Подобрување на комуникациските вештини
- Создавање позитивна училишна клима
- Поттикнување на начинот и нивото на комуникацијата
Очекувани резултати
- Подобрена комуникација и правење јасна разлика меѓу нивоата на слушање / неслушање
- Сите ученици барем еднаш учествуваат во кругот како говорници и слушатели

Чекори
- Подготовка
- Подготвување на училницата, столчињата се редат во два концентрични круга, на кои учениците ќе седат еден спроти друг
- Учениците се делат во парови по случаен избор (по можност девојче- момче, комуникативно дете со помалку комуникативно и сл.)
- Реализација
- Воведниот дел започнува со објаснување на играта и целта на активноста
- Воведна активност за опуштање – „Расипан телефон“: на учениците им се кажува поим или кратка фраза (на пр. комуникациска вештина) и со шепкање се пренесува од еден до друг ученик
- Главен дел – учениците се седнати на своите столчиња кои претходно се наредени во два концентрични круга свртени еден спроти друг и им се задаваат следните варијанти:
- Надворешниот круг раскажува (за некој значаен настан, или раскажува филм, или прочитана книга, или објаснува видео игра и сл.), а внатрешниот зборува, прави нешто друго
- Внатрешниот круг има „камено лице“, го игнорира тој што зборува
- Двата круга зборуваат наизменично и поставуваат прашања
- Парафразирање со користење на реченицата: „Ако добро те слушнав, рече дека…“
- Потоа се води дискусија по следниве прашања:
- Дали беше лесно само да се седи и да се слуша?
- Дали сакавте да поставувате прашања додека другата личност само зборуваше?
- Дали имавте желба да го искажете своето незадоволство или несогласување?
- Дали ви беше тешко да не мислите на други работи додека другиот зборуваше?
- Како се чувствувате додека зборувате без прекинување?
- Завршен дел: Се истакнува дека со активното слушање му придавате некому значење и внимание, дека ви е важно што зборува, мисли и чувствува другиот.

Училиште
ООУ „Јоаким Крчоски“ Ѓорче Петров Скопје
Ментор
Александра Блажевска
Проверено
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
Училишен тим
- Христина Турмакоска
- Дарија Ангелова
- Павел Димоски
- Тоше Грозданоски
- Марин Боцески
- Сара Трајкоска
- Дамјан Павловиќ
- Мануела Петрова
- Калина Ќуиќ
- Јана Ливриниќ
- Софија Трпевска
- Мирослав Тодоровски
- Мила Апостолова
- Калина Никодиновска
- Софија Донева
- Петар Јуруков
- Дарко Стојановски
- Моника Василеска
- Марина Димовска
- Љупка Христова
- Катица Георгиева
- Кире Николоски
- Ана Настова
- Слаѓана Новеска Трајковска
- Јасмина Стојановска
- Даниела Кимоска
- Гордана Несторовска
- Матеј Ангеловски
- Љупка Велковска
- Давид Гоцев
- Леон Савевски
- Јована Кузмановска
- Рената Занеттоу
- Соња Лазороска
- Босилка Симоноска Донева





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.