Со велосипед за подобар свет
Тема
Предизвик
За активноста
Форми на работа
Време на реализација
Возраст
Локација
Потребни материјали
- Табла или хартија за табла
- Работни листови со фазите на проект
- Бели камења (по 2 за секој ученик)
- Фломастери, маркери, боички
- Листови, картончиња, лепило
- Фотоапарат или мобилен телефон

Цели
- Учениците да ги запознаат фазите на проектниот циклус
- Да вежбаат идентификација на проблем и креативно решавање
- Да развијат тимска соработка и одговорност
- Да поттикнат иницијативност и граѓанско учество
Очекувани резултати
- Разбирање на фазите на еден проектен циклус.
- Развој на практични вештини за тимска работа, истражување и презентација.
- Зголемување на свеста за користење велосипед како еколошко превозно средство.
- Создавање визуелни и креативни производи (постери, цртежи, камења со пораки).
- Зголемена мотивација за учество во идни проекти и акции.
- Изработени најмалку 4 постери/визуелни производи.
- Учениците ќе опишат најмалку 3 конкретни идеи за еколошки акции.

- Подготовка
Избор на тим/фасилитатори
- Наставник / ментор кој ја води работилницата.
- Помошници (ученици).
Подготовка на материјали
- Печатење работни листови со фазите на еден проект.
- Обезбедување фломастери, камења, листови, лепила, мобилен или фотоапарат.
- Подготовка на просторот (работни станици, паноа).
Организација на тимови и задачи
- Предвремено дефинирање на улогите на тимовите (од 4 до 5 тима):
- Истражувачи
- Креатори на пораки
- Игра-меморија
- Презентери
Логистика
- Проверка на техничките средства (табла, хартија за табла).
- Распоред на времето: 90 минути во 5 фази.
- Реализација
ВОВЕД
- Кратка дискусија за тоа што е проект.
- Запознавање со темата на работилницата: „Со велосипед за подобар свет“ (Прилог 1)
РАБОТА СО ФАЗИТЕ НА ЕДЕН ПРОЕКТ
- Учениците добиваат скратени описи на фазите (задача 1)
- Мала игра: да ги наредат фазите по точен редослед (задача 2)
- Заедничко дискутираат за точноста на одговорите.
ТИМСКА РАБОТА – АКТИВНОСТИ ПО ФАЗИ
- Учениците се делат во тимови според интересите.
- Секој тим работи на конкретна задача поврзана со темата и ја развива својата идеја.
- Фасилитаторот ги следи тимовите и ги поддржува во процесот.
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА СРАБОТЕНОТО
- Тимовите ги претставуваат своите производи (постери, цртежи, фотографии, пораки).
- Поставување на изработките на ѕид или пано.
РЕФЛЕКСИЈА И ЗАКЛУЧОК
- Дискусија:
- Што научивме за фазите на еден проект?
- Што ново дознавме за велосипедот?
- Би сакале ли да направиме вистинска кампања?
- Евалуација преку кратка анкета за тоа што им било најкорисно и како сакаат да продолжат со проектен клуб

Училиште
Ментор
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
- Лилјана Костовска
- Јасна Ѓоргиевска
- Зорица Диневска
- Марија Зацеска
- Наташа Бошковска
- Ивана Нојкова Наумовска
- Јована Јаневска
- Марко Мрмачоски
- Јана Шурбеска
- Лана Лулеска
- Марио Марковски
- Павел Николовски
- Ангел Секирски
- Александар Андреевски
- Сара Каревска
- Тамара Ристевска
- Андријана Велевска





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.