Твоето училиште – твој глас

Тема

Зголемување на учеството на учениците во донесување одлуки

Предизвик

Како би можеле да ги поттикнеме учениците кои не се заинтересирани за вонучилишните активности да даваат предлози, а со цел да се зголеми нивното учество?

За активноста

Форми на работа

Индивидуална работа, групна дискусија, работа во круг (советувачки стил)

Време на реализација

1 час и 30 минути

Возраст

Ученици од I до III година

Локација

Училиштен хол, спортска сала или училиштен двор (по потреба)

Потребни материјали

  • Голем постер или хартија за табла: „Што би сменил/а во моето училиште?“
  • Картички (мали правоаголници) и маркери
  • Столчиња поставени во круг
  • Кутии за предлози
  • Лепливи ливчиња за гласање
  • Лаптоп или таблет за дигитални предлози
  • Звучници за музика (незадолжително – за создавање пријатна атмосфера)
  • Проектор (доколку се користи презентација)

Цели

  • Да се поттикнат учениците да изразуваат мислење и идеи
  • Да се зголеми чувството на припадност и слушнатост кај учениците
  • Да се мотивира активно учество во животот на училиштето
  • Да се негува култура на почит, на соработка и на позитивна комуникација
  • Да се намали апатијата и незаинтересираноста кај учениците преку практично покажување дека нивните идеи носат промени.
  • Да се изгради чувство на одговорност кај учениците за колективното училишно живеење.

Очекувани резултати

  • Поголем број ученици ќе споделуваат идеи за унапредување
  • Ќе се зајакне меѓусебната доверба помеѓу ученици и наставници
  • Ќе се иницираат нови ученички проекти
  • Ќе се подобри училишната клима преку заедничко носење одлуки
  • Учениците ќе почувствуваат дека нивниот глас е вреднуван и видлив.
  • Ќе се формира список со најчесто повторувани идеи, што ќе биде добра основа за идни проекти.
  • Подобрување на ученичката демократија преку практикување гласање и транспарентен избор.
Чекори
  • Подготовка
    • Материјали: Сечење и подготовка на картички, постери, лепливи ливчиња за гласање
    • Простор: Поставување круг од столчиња, хартија за табла, проектор, звучници
    • Презентација: Ученичкиот тим подготвува кратка мотивациска презентација со примери за успешни ученички идеи
    • Репетиција: Ученичките модератори се подготвуваат преку пробна сесија со поддршка од стручната служба
  • Реализација

    Вовед и поттикнување (15 мин.)

    Фасилитатори: Педагог/психолог, класен раководител

    • Презентација/Краток вовед на важноста на ученичкиот глас
    • Примери од други училишта или минати успешни идеи
    • Истакнување дека сите мислења се вредни

    Креативна работилница „Јас би предложил/а…“ (30 мин.)

    Фасилитатори: Тим наставници и ученици од ученичкиот тим

    • Учениците седат во круг и индивидуално пишуваат идеи
    • Секој што сака чита една идеја, која потоа се лепи на постерот
    • Се поттикнува дискусија на неосудување

    Гласање – „Гласам за најдобра идеја!“ (20 мин.)

    Фасилитатори: Ученици од УТ и педагог

    • Секој добива 3 лепливи ливчиња
    • Ги става до идеите кои најмногу му се допаѓаат
    • Се забележуваат најдобрите 3 идеи за претставување пред наставнички совет

    Рефлексија (10 мин.)

    Модератор: Ученик или педагог

    • Учениците споделуваат како се чувствувале кога нивната идеја била слушната
    • Потсетување дека тие се активни градители на училиштето

    По гласањето, резултатите се запишуваат на големо пано, кое останува поставено во холот.

Прилози

Училиште

СОУ „Св. Наум Охридски“ – Македонски Брод

Ментор

Никола Делевски
Проверено

Ана Попризова

Проф . Д-р Софија Георгиевска

Училишен тим
  1. Маја Т.Стојаноска
  2. Даниел Крстески
  3. Маријана Ѓореска
  4. Радмила Огненоска
  5. Ангела Цветаноска
  6. Матеја Секулоска
  7. Ивона Котеска
  8. Валентин Трајкоски
  9. Дамјан Китаноски

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.