Сенки што зборуваат

Тема

Превенција и заштита од насилство

Предизвик

Како би можеле да го намалиме вербалното насилство кај учениците од втора година, а со цел да ја зголемиме редовноста кај учениците преку поттикнување емпатија, соработка и чувство на припадност?

За активноста

Форми на работа

Групна работа, креативно изразување, игровна техника (театар на сенки)

Време на реализација

90 минути

Возраст

Ученици од II година

Локација

Просторија со можност за затемнување (училишна библиотека, сала или поголема училница)

Потребни материјали

  • Бела завеса или чаршаф (за екран)
  • Силно светло (ламба или проектор)
  • Картон и ножици (за изработка на фигури)
  • Стапчиња за марионети
  • Маркери, селотејп

Цели

  • Да се поттикне разбирање и емпатија меѓу учениците
  • Да се намали вербалното насилство преку увид во последиците
  • Да се зголеми учеството и редовноста преку позитивна, прифатлива средина
  • Да се поттикне ученичка креативност и тимска работа
  • Да се развијат креативни методи за ненасилна комуникација.
  • Да се поддржи самодовербата и јавниот настап на учениците преку безбедна и симболична форма.

Очекувани резултати

  • Учениците ќе препознаваат форми на вербално насилство
  • Ќе се зголеми чувството на припадност и вклученост
  • Ќе се подобрат меѓусебните односи
  • Учениците ќе развијат способност за ненасилна комуникација
  • Подобрена редовност кај учениците што чувствуваат неприфатеност
  • Учениците ќе можат да препознаваат скриени форми на вербално насилство зад „шегата“.
  • Подобрување на ученичката креативност и соработка низ уметнички методи.
Чекори
  • Подготовка
    • Учениците се делат во мали групи (4 до 5 ученици).
    • Секоја група добива задача да осмисли кратко сценарио инспирирано од реална ситуација со вербално насилство.
    • Сценаријата се трансформираат во претстави на сенки (театар на сенки), со изработка на фигури од картон.
    • Се пробуваат сцените, се подготвува завеса и светло.
    • Се организира просторот за изведба.
  • Реализација
    • Секоја група ја изведува својата претстава на сенки (најмногу 5 мин.)
    • По секоја сцена, кратка дискусија:
      • Како се чувствуваа ликовите?
      • Што можело да се направи поинаку?
    • Завршна рефлексија водена од педагог:
      • Дали вие или некој кого го познавате сте кажале збор што оставил лоша трага?
      • Какви зборови можат да направат позитивна разлика?
    • По дискусијата, учениците пишуваат по една „порака со добри зборови“ која ќе се изложи на пано во училиштето – како симболична трајна порака.

Прилози

Училиште

СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе

Ментор

Никола Делевски
Проверено

Ана Попризова

Проф . Д-р Софија Георгиевска

Училишен тим
  1. Елена Сарафиновска
  2. Наташа Бошкова
  3. Јасмина Јованчева
  4. Нино Адраманов
  5. Сара Ристовска
  6. Матеј Ѓорѓиевски
  7. Теа Димкова
  8. Глориан Гелев

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.