Со игри до другарство – за училиште без насилство
Тема
Предизвик
За активноста
Форми на работа
Време на реализација
Возраст
Локација
Потребни материјали
- Хартија, фломастери, хамери
- Печатач, компјутер
- Спортски реквизити

Цели
- Да се поттикне позитивна социјална атмосфера и другарство меѓу учениците.
- Да се зајакнат меѓусебното почитување, комуникацијата и соработката.
- Да се поттикнува активна вклученост на ученици-членови на училишниот тим во создавањето активности за врсниците.
- Да се развие чувство на припадност кај учениците кон позитивна и кон безбедна училишна заедница.
Очекувани резултати
- Подобрени односи меѓу ученици од различни одделенија.
- Поттикната емпатија, комуникација и тимска работа.
- Поттикнување ученичко лидерство преку иницирање и водење активности.
- Учениците ќе можат да именуваат најмалку 2 до 3 начини на кои игрите градат другарство.
Зголемен интерес за идни активности за спречување насилство.

- Подготовка
- Организирање состанок на училишниот тим со менторите.
- Истражување и избор на игри соодветни за возраста (VI – VII одделение).
- Планирање активности, поделба според улоги и задачи (водење, објаснување правила, материјали).
- Одредување локација – излетничко место „Динќут“.
- Подготовка на визуелен материјал (упатства за игри, постери, хамери, реченици).
- Реализација
Собир и вовед
Учениците се собираат во училишниот двор и се делат во мешани групи (ученици од VI и VII одделение).
Членовите на училишниот тим ги поздравуваат сите и накратко ги објаснуваат целите на активноста: градење доверба, другарство и подобро меѓусебно запознавање.
Се прави заедничко пешачење до излетничкото место Динќут.
Игра 1: „Дува, дува ветер“
Цел: Размрдување, внимание и групна динамика
Опис на играта:
- Учениците застануваат во круг. Еден ученик застанува во средина и започнува со реченицата: „Дува, дува ветер, сите кои имаат… [карактеристика] нека се сменат со …“ На пример: „…сите кои имаат долга коса“, „…сите кои носат црвено“, итн.
- Сите ученици што ја исполнуваат условената карактеристика треба да се преместат и да најдат ново место.
- Оној што ќе остане без место, оди во средината и играта продолжува.
Придобивки: Поттикнување физичка активност, брзо размислување и комуникација, подобро забележување на другите.
Игра 2: „Две лаги и една вистина“
Цел: Меѓусебно запознавање и развивање комуникациски вештини
Опис на играта:
- Учениците седнуваат во круг, по можност во мешани групи (од 6 до 7 ученици).
- Секој ученик кажува три тврдења за себе – две лаги и една вистина, без да открие кое е вистинито.
Пример: „Имам брат.“ „Не сакам сладолед.“ „Сум патувал во Италија.“ - Останатите треба да погодат кое е вистинското тврдење.
Придобивки: Поттикнување слушање, логичко размислување, хумор и подобро разбирање меѓу учениците.
Игра 3: „Кружна приказна“
Цел: Тимска соработка, креативност, составување реченици
Опис на играта:
- Учениците стојат во круг. Еден ученик започнува со клучен збор (на пример: „Другарство“) и го фрла топчето на некој друг.
- Ученикот кој ќе го фати топчето додава нов збор што го поврзува со претходниот.
- Се продолжува со додавање зборови додека не се состави смислена реченица.
- Потоа, нова рунда – составување целосни реченици на тема „Пријателство“, „Соработка“, „Разбирање“ итн.
- Составените реченици се запишуваат на хамер со маркери и се изложуваат на видно место.
Придобивки: Поттикнување креативност, тимска синхронизација и разбирање на важните вредности.
Завршна дискусија и евалуација
Учениците се собираат во круг и следува кратка рефлексија со следниве прашања:
- Како се чувствувавте додека ги игравте игрите?
- Дали ги запознавте подобро вашите соученици?
- Што научивте од овие активности?
- Како вакви игри можат да помогнат во секојдневниот училиштен живот?
Прилози

Училиште
Ментор
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
- м-р Мери Олумчева
- Кристина Младеновска
- Катица Крстиќ
- Маријана Гошева
- Благоја Стоев
- Сандра Камчева
- Ана Петрова
- Ана- Марија Чучанова
- Светлана Димова
- Јулија Хаџимитров





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.