Вклучи се – одбери и учествувај

Тема

Зголемување на учеството на учениците во донесување одлуки

Предизвик

Како би можеле да ги поттикнеме учениците од VI одделение да бидат позаинтересирани за учество во одредени училишни активности, а со цел да се зголеми нивната заинтересираност, да се развијат социјалните вештини, лидерството, креативноста и тимската работа?

За активноста

Форми на работа

Групна работа и соработка помеѓу ученици и наставници

Време на реализација

1 седмица

Возраст

соодветни предметни наставници и ученици-членови во воннаставни активности

Локација

Во училиштето и во спортската сала

Потребни материјали

  • Google Forms, компјутер, интернет
  • PowerPoint, видеа, анимации
  • QR-кодови и информативни табли

Цели

  • Да се зголеми заинтересираноста на учениците од VI одделение за учество во училишни активности.
  • Да се развијат нивните социјални, креативни и лидерски вештини.
  • Да се поттикне поголема активност во воннаставните активности преку организирани презентации и интеракција помеѓу учениците.

Очекувани резултати

  • Поголема вклученост на учениците од VI одделение во активности, како што се спортски натпревари, роботика, медиумски клубови.
  • Поттикнување активна соработка и поддршка во учењето и во творењето во различни активности.
  • Поголем број ученици кои ќе се запишат и учествуваат во клубовите и воннаставните активности.
  • Зголемена редовност во учество на воннаставни активности во следните 3 месеци.
Чекори
  • Подготовка

    Формирање ученичка група:

    • Се избира група ученици (на пример, членови на ученички парламент или клуб), кои, под менторство на наставник, изработуваат анкета во Google Forms.

    Содржина на анкетата:

    • Анкетата содржи прашања со понудени одговори и/или отворени прашања кои ги испитуваат интересите на учениците за учество во различни училишни клубови и активности (спорт, роботика, медиумски клуб, итн.).

    Распределба на анкетата:

    • Анкетата се споделува преку училишните е-платформи, е-пошта, Viber-групи или QR-кодови поставени на информативни табли.

    Анализа на податоците:

    • Учениците самите ги анализираат добиените резултати со поддршка од наставник по информатика или математика. Се прави краток извештај со графички приказ за да се визуелизираат најпопуларните активности и интересите на учениците.

    Подготовка на презентации:

    За секој училиштен клуб, ученици-членови подготвуваат кратка презентација или демонстрација. Се вклучуваат информации за:

    • Целите на клубот
    • Активности што се реализираат
    • Придобивки од членувањето (дружење, учење нови вештини, учество на настани)
    • Начин на вклучување
  • Реализација

    Презентација пред VI одделение

    Со помош на предметни наставници, учениците организираат средби со паралелките од VI одделение. На пример, може да се организира час на одделенска заедница, на кој учениците од секој клуб ја претставуваат клупската активност преку PowerPoint, видео или практична демонстрација (на пример, робот во акција, спортска вежба, медиумски прилог).

    Практични демонстрации и презентации

    Учениците од VI одделение имаат можност да поставуваат прашања, за да ги мотивираат да се вклучат во активности. По презентациите, учениците од VI одделение имаат можност да се запишат во клубовите за кои пројавиле интерес.

    Следење на интересот

    Се следи дали има зголемен интерес според резултатите од анкетата и дали се зголемува бројот на вклучени ученици во клубовите.

Прилози

Училиште

ООУ „Св. Кирил и Методи“ – Кочани

Ментор

Александра Блажевска
Проверено

Ана Попризова

Проф . Д-р Софија Георгиевска

Училишен тим
  1. Катерина Лазаровска
  2. Михаил Солевски
  3. Марија Величкова
  4. Јована Георгиева
  5. Лилјана Јовановска
  6. Леона Досева
  7. Лана Лазарова
  8. Јован Атанасов
  9. Ема Јосевски
  10. Лина Спасова
  11. Радмила Атанасова
  12. Михаил Каров
  13. Стефан Димитров
  14. Сара Панова
  15. Матеј Велков
  16. Исидора Спасовски

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.