Тимски печат
Тема
Предизвик
За активноста
Форми на работа
Време на реализација
Возраст
Локација
Потребни материјали
- Табла за идеите на учениците
- Налепници за означување идеи (со различни бои за секоја група)
- Маркери, листови хартија и материјали за создавање активности
- Листови хартија за запишување идеи и предлози

Цели
- Да се создаде култура на соработка меѓу учениците за организирање училишни активности без очекување материјални награди.
- Да се развие чувство на одговорност за заедничкото добро и подобрување на училишниот живот.
- Да се мотивираат учениците да предложат и да спроведат свои идеи кои ќе го подобрат училиштето.
Очекувани резултати
- Учениците чувствуваат зголемена мотивација да придонесуваат кон училиштето без очекување награда.
- Создавање нови и интересни активности во училиштето, кои го прават престојот попријатен и интересен.
- Учениците имаат развиено чувство на тимска работа и гордост за својот придонес.

- Подготовка
Поставување табла за идеи
- Учениците-организатори поставуваат голем постер или табла во училишниот хол, каде што секој ученик може да запише идеи за активности или проекти за подобрување на училишниот живот.
- Таблата може да се организира во различни секции, како „Училишни настани,“ „Забавни иницијативи,“ и „Проекти за заедницата.“ Секој ученик добива налепници за да го означи својот предлог.
Создавање промотивни плакати
- Организаторите подготвуваат плакати за промоција на „Денот за училишно планирање“ низ училиштето. На плакатите можат да стојат мотивациски пораки како: „Нашето училиште, нашата заедница!“ или „Придонеси и промени!“
- Реализација
Сесија за развивање идеи и планирање
- На денот на активноста, организаторите ги покануваат сите ученици да се соберат и, откако ќе се соберат, започнуваат со кратка презентација за важноста на учеството во организацијата на училишниот живот.
- Учениците се поделени во мали групи. Секој тим добива категорија од таблата и работи заедно за да развие идеја која ќе го направи училиштето подобро место. На пример, една група може да осмисли седмичен тематски ден, друга група може да предложи активности за одржување на училишниот двор и слично.
Презентации на идеите и гласање
- По размислувањето, секоја група има можност да ја претстави својата идеја пред сите учесници. Групите користат постери, колаж или други материјали за да ја претстават својата идеја.
- По презентациите, сите ученици гласаат за идеите што ги сметаат за најинтересни и најкорисни. Најпопуларните идеи ќе добијат поддршка од организаторите и стручните служби за понатамошна реализација.
Формирање тимови за реализација
- Учениците кои имаат интерес за спроведување на идеите можат да се придружат на тимови за реализација на проектите. Секој тим ќе работи на организирање и спроведување активности, како што се тематски денови, игри за подобрување на училишната атмосфера или волонтерски проекти за заедницата.
- На крајот на активноста, организаторите создаваат список со волонтери кои ќе ги реализираат проектите и обезбедуваат контакт со стручната служба за поддршка.
Завршна сесија и наградување на учесниците
- По спроведувањето на проектите, организаторите можат да организираат кратка завршна сесија каде што ќе се претстават резултатите и придобивките од спроведените активности.
- Организаторите, исто така, ќе ги поттикнат учениците да продолжат со своите идеи и да предложат нови активности за следната учебна година.
Прилози

Училиште
Ментор
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
- Алек Радески
- Никола Брајкоски
- Мирјана Јаковлеска
- Филип Билбилоски
- Мила Кузманоска
- Андријана Страшеска
- Жаклина Ѓорѓиоска
- Моника Наумоска





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.