Тимот на тутори те очекува
Тема
Предизвик
За активноста
Форми на работа
Време на реализација
Возраст
Локација
Потребни материјали
- Промотивни постери и флаери.
- Мултимедијална презентација (PowerPoint, видео).
- Компјутер, ЛЦД-проектор, платно за проектирање

Цели
- Да се регрутираат ученици со добри резултати како ментори.
- Да се поттикнат учениците кои имаат потреба од поддршка да се вклучат во клубот.
Очекувани резултати
- Зголемен број тутори.
- Зголемен интерес за Туторскиот клуб од страна на учениците на кои им е потребна поддршка во учењето.
- Поголема видливост на Туторскиот клуб кој станува познат и препознаен меѓу учениците и наставниците како важен ресурс за поддршка во учењето.

Членовите на ученичкиот парламент, со поддршка на наставник/стручен соработник, изработуваат дигитален постер во кој се вклучуваат:
- мотивациски пораки,
- информации за придобивки (поени, сертификати, награди),
- QR-код за пријава за учество во туторскиот клуб.(Прилог)
Членовите на ученичкиот парламент со поддршка на наставник/стручен соработник подготвуваат кратка презентација или видео кое ќе ја истакне важноста на туторскиот клуб и придобивките од учество.
Наставник или стручен соработник обезбедува:
- просторија доволно голема да ги прифати сите заинтересирани;
- техничка опрема за промотивниот настан.
Преку одделенските раководители и членовите на ученичкиот парламент се повикуваат сите ученици, но и родители да присуствуваат на промотивниот настан за започнување на работата на туторскиот клуб.
Претседателот на ученичкиот парламент го отвора настанот со краток говор во кој вклучува:
- Благодарност за присуството;
- Благодарност до учениците, наставниците, стручните соработници и директорката кои го овозможиле настанот;
- Ја искажува потребата од туторски клуб.
Претходно определен ученик ја претставува изготвената презентација и го промовира дигиталниот постер кој е поставен на веб-страницата на училиштето каде што секој ученик може да се пријави за да стане член на туторскиот клуб.
Се отвора дискусија со сите присутни каде што фасилитатор на дискусијата е претходно определен ученик.
Настанот се затвора со промоција на дигиталниот постер кој е поставен на веб-страницата на училиштето каде што сите учениците веднаш можат да се приклучат на туторскиот клуб со помош на апликацијата за пријавување поставена на дигиталниот постер.

Училиште
Ментор
- Александра Блажевска
- Ана Попризова
- Проф . Д-р Софија Георгиевска
- Мила Папазова
- Максим Здравков
- Ангел Симјановски
- Марин Данилов
- Маја Секуловска
- Мила Веселинова
- Владимир Скендерски
- Филип Николовски
- Стефанија Горгиев





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.