Учебниците со мене, ранецот на пауза

Тема

Зголемување на учеството на учениците во донесување одлуки

Предизвик

Како би можеле да ја зголемиме редовноста на учениците во наставата со цел да се намали бројот на изостаноци?

За активноста

Форми на работа

Индивидуална

Време на реализација

Еден ден во месецот

Возраст

Ученици од I-IV година

Локација

Училиште

Потребни материјали

Кој било предмет, учебници и тетратки, редовен прибор за училиште

Цели

  • Да ги поттикнеме учениците да го зголемат присуството на настава.

Очекувани резултати

  • Зголемена редовност во училиштето.
  • Зголемена вклученост на учениците во училишниот живот преку почитување на нивните интереси.
Чекори
  • Подготовка

    Формирање тим за координација (планирање/задавање теми и задачи)

    • Се создава план за реализација на активноста.
    • Дефинирање временска рамка – кога ќе се одржи активноста.
    • Избор на комисија за рангирање на учесниците – и стручни соработници.
    • Се создаваат правила за учество.

    3 недели пред почетокот на активноста, тимот изработува флаери за известување на  останатите ученици.

    • За ова може да се употреби Canva или друг софтвер достапен за учениците. На флаерот треба да стои денот на одржување и правилата.

    Тимот подготвува соопштение во кое се најавува и објаснува активноста, правилата за учество (Прилог 1) и денот кога активноста ќе се одвива.

     

  • Реализација
    • Денот на активноста се одвива како нормален училиштен ден, освен што учениците можат да ги заменат ранците со друг начин на носење на учебниците и училишниот прибор.
    • Одговорниот тим ги фотографира најкреативните замени и ги поставува на веб-страницата или профилот на социјалната мрежа на училиштето.
    • Избор на најкреативен начин на замена за ранец од страна на одбраната комисија (ученици, професори и стручни соработници).
    • Одредување победник по пат на гласање од ученици (награда слободен ден).

Училиште

СОУ„Георги Димитров“, Скопје

Ментор

Никола Делевски
Проверено

Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска

Училишен тим
  1. Ева Сирутка
  2. Ксенија Серафимовска
  3. Деа Авдиу
  4. Ајша Јусуфоска
  5. Јосиф Грујовски
  6. Леон Јовановиќ
  7. Мери Стаменковска
  8. Надица Таневска Јанева
  9. Викторија Китановска Кожеска
  10. Светлана Аспровска Тодоровиќ

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.