Санта мраз
Тема
Предизвик
За активноста
Форми на работа
Време на реализација
Возраст
Локација
Потребни материјали
- Хартија и работни листови
- Фломастери
- Самолеплива лента и самолепливи ливчиња

Цели
- Учениците да стекнат знаења за причините за појава на конфликти.
- Учениците да ги искажат своите чувства, грижи и стравови во конфликтна ситуација и да ги препознаат чувствата што се јавуваат кај другите во конфликтната ситуација.
- Учениците да стекнат знаења за основните карактеристики на ненасилната комуникација која помага во разрешувањето на конфликтите.
- Учениците да се оспособат за користење ненасилна комуникација (парафразирање и „јас-обраќање).
Очекувани резултати
- Учениците знаат кои се причините за појавата на конфликти.
- Учениците умеат да ги препознаат чувствата што се јавуваат и кај нив и кај другиот во конфликтна ситуација.
- Учениците ги знаат основните карактеристики на ненасилната комуникација и се способни да разрешуваат конфликти со користењето на парафразирање и „јас-обраќање“.

- Подготовка
Формирање група учесници
- Од секоја паралелка од прва година се одбираат по тројца ученици по случаен избор.
Одредување термин за реализација на активноста
Подготовка на потребниот материјал за активност
- Се печатат работните листови „Санта мраз“ во доволен број и се подготвуваат пенкала, самолепливи ливчиња и самолеплива лента. Сантата мраз има еден дел кој е видлив, над површината на водата и еден дел (поголемиот) кој е невидлив под површината на водата.
Подготовка на модераторот
- Наставник или стручен соработник запознава ученик со правилата на активноста и работниот лист.
Подготовка на просторијата за реализација на работилницата
- Се одбира училница доволно голема за бројот на учесниците, каде што има простор за лепење на работните листови на ѕид или табла.
- Реализација
- Учениците се делат во мали групи, од 3 до 4 ученици.
- Секоја група добива работен лист „Санта мраз“ и самолепливи ливчиња.
- Секоја група добива задача во делот од сантата мраз кој е над површината на морето да ги наведе сите оние работи кои се видливи и јасни при конфликтни ситуации (постапки, изрази на телото) додека, пак, во делот кој е невидлив, да ги наведе сите работи кои не се видливи при конфликтни ситуации (чувства, грижи стравови). Учесниците ги запишуваат видливите и невидливи аспекти на конфликтите на самолепливи ливчиња и истите ги распоредуваат на сантата.
- Откако ќе завршат, по еден претставник од секоја група го претставува сработеното.
- Потоа, модераторот започнува дискусија со тоа што ги повикува учениците да споделат што воочиле или научиле за време на вежбата.
Прилози

Училиште
Ментор
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
- Ведран Солевски
- Влатко Димитров
- Ивона Стојменова
- Михаела Манчова
- Сара Горгиева
- Бранка Ѓоргиева Иванова
- Весна Ефремова
- Маја Димов





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.