Нашиот модел за лидер

Тема

Промовирање на еднакви права за сите ученици и ученички

Предизвик

Како би можеле да ги поттикнеме учениците и ученичките заедно да учествуваат во училишни активности со цел да се зголеми довербата меѓу учениците и ученичките?

За активноста

Форми на работа

Во групи

Време на реализација

40 минути

Возраст

Ученици од I, II и III година

Локација

Училница

Потребни материјали

  • 4 листови А4, листови од блок/половина хамер.
  • Молив/пенкало, лепак.

Цели

  • Зајакнување на капацитетите на ученичката заедница.
  • Правилен избор на претседателот на ученичката задница.
  • Разбивање на стереотипите околу можностите на момчињата и девојчињата

Очекувани резултати

Разбиени стереотипите на улогата на претседателот/ката на паралелката/ученичка заедница

Чекори
  • Подготовка

    Наставникот/стручниот соработник ги информира учениците дека следниот час/состанок ќе работат активност за особините/карактеристиките на личноста претседател на паралелката/ученичката заедница. За таа цел потребно е да размислат кои карактеристиките треба да ги поседува оваа личност.

  • Реализација

    Наставникот/стручниот соработник во улога на фасилитатор објаснува дека ќе работат на карактеристиките кои треба да ги поседува личноста – претседател на одделението/ученичкиот парламент.

    • Ги дели учениците во 4 групи при што 2 групи се составени само од девојчиња и 2 само од момчиња.
    • На групите составени само од девојчињата, наставникот им го поставува прашањето „Кои се карактеристиките што едно девојче треба да ги поседува за да стане претседател?“.
    • На групите составени само од момчиња, наставникот им го поставува прашањето „Кои се карактеристиките што едно момче треба да ги поседува за да стане претседател?“.
    • Групите имаат време од 10 минути да размислат и да ги напишат карактеристиките на еден бел лист.
    • По завршувањето на времето, групите составени само од девојчиња се спојуваат и на еден лист од блок/пола хамер ги запишуваат карактеристиките што претходно ги навеле.
    • Истото се случува и со групите составени од момчиња.
    • Откако ќе ги завршат листовите, ги лепат на таблата и се отвора дискусија, односно наставникот ги поставува следниве прашања:Кои се разликите?Кои се сличностите? Доколку има разлики, дали тие можат да бидат карактеристики на претседател независно од тоа дали се работи за момче или девојче?
    • По завршување на дискусијата, двата листа се спојуваат создавајќи список на карактеристики што треба да ги поседува претседателот/ката и списокот се закачува во училницата со цел да се искористи кога ќе се избира личноста.

Прилози

Училиште

ОСТУ„Наце Буѓони“, Куманово

Ментор

Никола Делевски
Проверено

Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска

Училишен тим
  1. Ива Крстевска
  2. Тамара Петковска
  3. Анида Етеми
  4. Ќерим Ќерими
  5. Алмедин Бајрами
  6. Блина Саити
  7. Ќендреса Мустафи
  8. Мајлинда Куртиши
  9. Ведие Сулејмани
  10. Емилија Јакимовска

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.