Балон на почитта

Тема

Превенција и заштита од насилство

Предизвик

Како би можеле да ги намалиме навредувањата заради социјални разлики од финансиска природа кај учениците од седмо одделение со цел да го зголемиме дружењето меѓу учениците?

За активноста

Форми на работа

Групна работа

Време на реализација

30 минути

Возраст

Ученици од VII одделение

Локација

Фискултурна сала / училиштен двор

Потребни материјали

  • Лист хартија со отпечатена Т-табела.
  • Ленти со реченици.
  • 32 балони (8 сини, 8 розови, 8 жолти и 8 зелени).
  • Столчиња.
  • 32 ливчиња во боја, по 8 од секоја боја (сини, розови, жолти и зелени).

Цели

  • Учениците да станат свесни колку начинот на комуникација и како зборовите кои ги одбираме можат да влијаат на нечија самодоверба и расположение.
  • Учениците да прават разлика меѓу негативни реченици и речениците кои поттикнуваат позитивен поглед на работите.

Очекувани резултати

  • Учениците се свесни за тоа колку начинот на комуникација и изборот на зборови можат да влијаат на нечија самодоверба и начин на размислување.
  • Учениците јасно ги разликуваат негативните речениците од речениците кои поттикнуваат позитивен поглед на работите.
Чекори
  • Подготовка

    Се креира тим од ученици кои ќе ја водат активноста. Дел од учениците ќе ги подготват содржините, дел ќе ги подготват материјалите а дел ќе се подготват за водење на активноста.

    Подготовка на содржините. Пример во прилог.

    • Ученците од училишниот тим изработуваат реченици со негација и афирмација.
    • Создаваат Т-табела во која се испишани речениците со негација.
    • На ленти од хартија ги пишуваат речениците кои се со афирмација.

    Целта на играта е да се спојат негативните речениците со речениците со афирмација. 

    Подготовка на материјалите

    • Ученците од училишниот тим  дуваат балони и внатре ги ставаат лентите со реченици.
    • Ги врзуваат балоните и балоните се подготвени за реализација на играта.
  • Реализација

    Учениците од училишниот тим ја водат работилницата и во воведниот дел поттикнуваат дискусија со прашањата:

    • Дали некогаш сте размислувале колку се моќни зборовите?
    • Дали зборовите може да нанесат некому болка или пак дали може да помогнат некому?

    Во исто време, учениците можат и да споделат искуство кога некој ги повредил со негативни зборови или обратно, како позитивните зборови им го подобриле денот.

    Учениците од училишниот тим ги делат учениците од седмо одделение во 4 групи со по 4 ученици и им ги објаснуваат правилата на игра. 

    • Секој ученик влече ливче во боја (розова, зелена, сина, жолта). Според извлечената боја, учениците се групираат во групи. За реализација на активноста е потребен поголем слободен простор. Учениците се редат по групи на еден крај од фискултурната сала. На другиот крај од салата се местат столчиња, по едно столче за секоја група.
    • Балоните со лентите реченици во соодветна боја се наредени покрај столчињата. По еден претставник од секој група трча до другиот крај на салата кај столчињата, зема еден балон од соодветната боја, го става на столчето и седнува на него за да го пукне. Штом балонот ќе пукне, ученикот ја зема лентата со реченица, се враќа со трчање назад и работи со останатите ученици во групата и одлучува каде треба да се залепи лентата со реченица во табелата. Во меѓувреме, друг ученик од секоја група ја повторува постапката.
    • Првата група која ќе заврши кажува „стоп“, за да се евидентира кој е прв. Играта продолжува за останатите групи сè додека секоја група не ги земе сите ленти со реченици. 

    Откако сите групи ќе завршат, се проверуваат одговорите и се разговара за речениците со афирмација и колку е важно таков вид реченици да употребуваме во секојдневниот живот. Воедно учениците ќе разговараат за тоа како се чувствувале кога слушнале некои од позитивните реченици.

    Работните листови со табелата се изложуваат за да можат сите учениците да се потсетуваат на важноста од позитивна комуникација. 

    Преку оваа игра учениците се учат на соработка и тимска работа.

Училиште

ООУ„Браќа Миладиновци“, Илинден, Скопје

Ментор

Александра Блажевска
Проверено

Ана Попризова

Проф . Д-р Софија Георгиевска

Училишен тим
  1. Кристина Ѓоргиевска
  2. Габи Николовска
  3. Андриана Митевска
  4. Емилија Стојановска
  5. Михаил Ивановски
  6. Ана Марија Илиевска
  7. Сташа Стојановиќ
  8. Томислав Пановски
  9. Џезида Аслани
  10. Сара Ѓошевска
  11. Меридуш Селими
  12. Ана Младеновска
  13. Јована Богдановска

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.