Заедничка мисија

Тема

Промовирање на еднакви права за сите ученици и ученички

Предизвик

Како би можеле да ги вклучиме сите ученици во активности за подобра комуникација, со цел намалување на предрасудите и подобрување на вештината да се умее да се понуди помош кога некому му е потребна?

За активноста

Форми на работа

Работа во групи

Време на реализација

1 час неделно во текот на учебната година

Возраст

Од I до IX одделение

Локација

Училница

Потребни материјали

  • Боенки, цртежи или сложувалки кои треба да се состават.
  • Хартија, фломастери, лепило за креативните активности (цртање и постери).
  • Листови за кратки приказни и постери.

Цели

  • Поттикнување емпатија и разбирање за различните потреби на учениците.
  • Овозможување на сите ученици да се чувствуваат прифатени и поддржани.
  • Развивање вештини за комуникација и тимска работа.
  • Намалување на предрасудите преку заеднички забавни и едукативни активности.

Очекувани резултати

  • Учениците ќе научат како да комуницираат и да соработуваат со ученици со посебни образовни потреби.
  • Ќе се намалат предрасудите преку заедничка работа и размена на идеи.
  • Ќе се развијат вештини за тимска работа и поддршка.
  • Учениците ќе научат како да понудат помош кога таа е потребна на нивните врсници.
Чекори
  • Подготовка
    1. Формирање тим од ученици кои ќе учествуваат во организацијата. 
    2. Учениците заедно со специјалниот едукатор и рехабилитатор, психологот и наставниците обезбедуваат боенки, цртежи или сложувалки кои треба да се состават, хартија, фломастери, лепило за креативните активности (цртање и постери), листови за кратки приказни и постери и сл. 
    3. Учениците ги распределуваат улогите меѓусебно: ученик – модератор и ученици – координатори за поддршка на тимовите.
    4. Учениците заедно со специјалниот едукатор и рехабилитатор, психологот и наставниците ги создаваат правилата на активноста (играта), а тоа се следните:
    • Учениците треба да работат заедно како тим, почитувајќи ги различните вештини на секој член.
    • Секој ученик мора да биде вклучен во задачата, без оглед на индивидуалните способности.
    • Учениците треба да си помагаат едни на други и да покажат разбирање за потребите на своите соученици. 

        5. Се одредува време и просторија за активноста и се известуваат учениците – вклучувајќи ги и учениците со посебни образовни  потреби.

  • Реализација
    1. Ученикот – модератор ќе ја претстави целта на активноста: поттикнување подобра комуникација и соработка меѓу учениците со различни образовни потреби и ќе ги претстави правилата за учество. 
    2. Учениците се делат во мали тимови (од 4 до 5 ученици). Секој тим ќе содржи ученици со различни способности, вклучувајќи и ученици со посебни образовни потреби. 

    Задача на тимовите: 

    Секој тим добива заедничка задача или проблем што треба да го реши заедно. Задачите може да вклучуваат: 

    • Составување слика од парчиња (сложувалка) каде што секој ученик ќе добие различни парчиња и ќе мораат да соработуваат за да ја завршат сликата.
    • Изработка на кратка приказна или постер за пријателството и поддршката.
    • Креативни задачи како изработка на заеднички проект (цртеж, постер) на тема „Како можеме да си помогнеме едни на други“. 

    Распределба на улоги: 

    Секој ученик во тимот добива улога која соодветствува на неговите способности. Учениците со посебни образовни потреби ќе добијат улоги кои им овозможуваат активно учество (на пр., боење, избор на бои, лепење слики или составување зборови). 

    Соработка и комуникација: 

    Учениците ќе комуницираат меѓусебно и ќе ги користат своите различни вештини за да ја завршат задачата. Ова ќе ја поттикне емпатијата и ќе ги научи како да си помагаат едни на други. 

    Претставување на резултатите: 

    Секој тим ќе ги претстави своите резултати пред останатите. На пример, ќе покажат како ја завршиле сложувалката или ќе ја раскажат кратката приказна што ја составиле заедно. 

    Дискусија: 

    Ученикот-модератор, со поддршка од специјалниот едукатор и рехабилитатор и психологот, ќе води кратка дискусија каде што учениците ќе споделат како си помагале едни на други и што научиле за емпатијата, соработката и поддршката. Примери за прашања: 

    • Како се чувствуваше во текот на активностите? 
    • Што најмногу ти значеше во оваа заедничка активност? 
    • Каде ги препознаваш емпатијата, соработката и поддршката?  
    • Што ти, како член на тимот, направи за да придонесеш за соработка и поддршка? и сл. 

Прилози

Училиште

ООУ„Лазо Ангеловски” – Скопје

Ментор

Александра Блажевска
Проверено

Ана Попризова

Проф . Д-р Софија Георгиевска

Училишен тим
  1. Елена Малческа
  2. Донка Митева
  3. Фросина Поп Ѓорѓиева
  4. Теона Ангеловска
  5. Мелани Грујовска
  6. Ива Камова
  7. Јован Стојчевски
  8. Огнен Коцевски

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.