Лов на убави зборови
Тема
Предизвик
За активноста
Форми на работа
Време на реализација
Возраст
Локација
Потребни материјали
- Картички со позитивни зборови и фрази
- Лепливи налепници за награди
- Табла за следење на напредокот
- Листови за белешки и маркери
- Постер насловен „Убави зборови“.
- Пофалници за тимовите кои покажале позитивно однесување

Цели
- Да се намали употребата на навредливи зборови и да се поттикне користење позитивен говор меѓу учениците.
- Да се развие свест за тоа како зборовите можат да влијаат врз чувствата на другите.
- Да се поттикне тимска работа и да се создаде атмосфера на почитување и поддршка.
Очекувани резултати
- Учениците ја разбираат важноста на користењето позитивните зборови и ќе се мотивираат да избегнуваат навредлив говор.
- Позитивна и пријатна училишна средина во која сите ученици се чувствуваат почитувани.
- Зголемен тимски дух и меѓусебна поддршка меѓу учениците.

- Подготовки
Се формира организациски тим на ученици кои ќе ја спроведат активноста. Се одредуваат ученици кои:
- ќе ги подготват картичките со позитивни зборови и фрази како на пример: „Добро утро!“, „Одлично направено!“, „Ти си супер пријател!“, „Можеш да успееш!“, итн.
- ќе ги распоредат картичките на различни места низ просторот (училница или сала) во кој ќе се одвива играта, водејќи сметка да бидат видливи, но и да претставуваат предизвик за пронаоѓање.
- ќе ја водат активноста; ќе ги креираат тимовите на учесниците, ќе ги делат работните листови и маркери, ќе водат евиденција за напредокот на тимовите
Се обезбедува простор доволен да ги собере сите ученици.
- Реализација
Формирање тимови:
- Учениците се делат во мали тимови (од 3 до 4 ученици) и им се објаснува дека заедно ќе работат на собирање позитивни зборови и ќе се натпреваруваат за титулата „Тим за убави зборови“.
- Дајте му на секој тим по еден лист и маркер за запишување на убавите зборови што ќе ги соберат.
Започнување на играта:
- Објаснете дека секој тим ќе започне со „лов“ на позитивни зборови. Целта на играта е учениците да соберат што е можно повеќе картички со позитивни зборови, кои ќе можат да ги користат во разговори со своите соученици.
- Секој тим добива по еден лист на кој ги запишуваат зборовите и фразите што ги пронашле. За секој нов позитивен збор или фраза добиваат налепница на нивниот лист.
Лов на позитивни зборови:
- Учениците ротираат низ различните места во просторот и бараат картички со позитивни зборови.
- Секој пат кога ќе соберат нов збор, учениците го запишуваат зборот на својот лист и сите членови на тимот мораат да дадат пример како би го користеле во реална ситуација. На пример, ако најдат картичка со „Браво!“, можат да кажат: „Браво, добро направено на тестот!“ Примерите исто така се запичуваат на листот
Создавање постер „Убави зборови“:
- По завршувањето на ловот, секој тим избира по три од нивните најомилени зборови и ги запишува на голем заеднички постер насловен „Убави зборови“ кој ќе го закачат во училницата.
- Тимовите можат да го украсат постерот и да додаваат цртежи или симболи што ги поврзуваат со позитивни емоции, како насмевки или срциња.
Завршна рефлексија и награди:
- Организацискиот тим на крајот ги прашува учениците како се чувствуваат по играта и што научиле за важноста на позитивниот говор.
- Сите ученици добиваат налепници за „Тим за убави зборови“.
- Постерот „Убави зборови“ се закачува во училницата како потсетник за сите да продолжат со користење позитивен говор.
Прилози

Училиште
Ментор
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
- Мирјана Пеева
- Билјана Ѓоргиевска
- Гордана Бошначка
- Билјана Гоцков
- Илија Арсов
- Надица Лазарова
- Андреа Василева
- Љупче Шопов
- Виолета Костова





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.