Ученички парламент во акција

Тема

Зголемување на учеството на учениците во донесување одлуки

Предизвик

Како би можеле да ги запознаеме учениците од VI одделение со правата и обврските во рамките на учeничкиот парламент со цел градење позитивни промени?

За активноста

Форми на работа

Фронтална и индивидуална

Време на реализација

60 минути

Возраст

Ученици од VI одделени – членови на ученичкиот парламент

Локација

Училница или поголема просторија

Потребни материјали

  • Лаптоп, проектор и платно за презентација
  • Подготвена презентација за основните цели, задачи и улоги на ученичкиот парламент

Цели

  • Да се информираат учениците од VI одделение за функциите, правата и обврските на ученичките тела во училиштето, со посебен акцент на ученичкиот парламент.

Очекувани резултати

  • Учениците ќе се запознаат со функциите и улогите на ученичките тела.
  • Учениците ќе разберат кои се нивните права и обврски во рамките на ученичкиот парламент.
Чекори
  • Подготовки

    Членовите на ученичкиот парламент кои доаѓаат од паралелките од VII до IX одделение, со поддршка на педагогот во училиштето, изработуваат информативна презентација којашто ги објаснува основните цели, задачи и улоги на ученичкиот парламент. Оваа презентација има за цел да ги информира новите членови на парламентот за неговото функционирање. Презентацијата ги опфаќа: 

    • Основните цели и задачи на ученичкиот парламент; 
    • Примери од претходните проекти и активности на парламентот; 
    • Правата и обврските на членовите на парламентот; 

    Педагогот одредува просторија каде што ќе се одржи презентацијата (поголема просторија, за да може да бидат присутни што е можно повеќе ученици); 

    Со соопштение се покануваат учениците од  VI одделение на претставување на работата на ученичкиот парламент.

  • Реализација

    Настанот започнува со прашања за предзнаењата на учениците во врска со работата на ученичкиот парламент.  

    • Која е постапката за избор на претседател на паралелката?
    • Дали ви е познато кој може да биде член на ученички парламент?
    • Дали ви е позната работата на ученичкиот парламент? 

    Откако ќе се дискутира за прашањата, се преминува на презентација за основните цели, задачи и улоги на ученичкиот парламент, со вклучени примери од реални проекти и активности кои парламентот ги има реализирано. 

    По завршување на презентацијата, се остава простор за прашања. Потоа, се отвора дебата меѓу членовите во училишниот тим и учениците од VI одделение во врска со правата и обврските што ги имаат учениците. 

    • Кои права ги имаат учениците?
    • Кои се обврските на ученичкиот парламент?
    • Кои се обврските на ученичкиот правобранител?

Прилози

Училиште

ООУ„Гоце Делчев“, Општина Конче

Ментор

Александра Блажевска
Проверено

Ана Попризова

Проф . Д-р Софија Георгиевска

Училишен тим
  1. Спасен Трајанов
  2. Горги Трајков
  3. Зорана Стефанова
  4. Леонора Михајлова
  5. Мелтен Вејселова
  6. Спасе Михајлов
  7. Лефтерка Крстева
  8. Наташа Ристова

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.