Забавни училишни денови
Тема
Предизвик
За активноста
Форми на работа
Време на реализација
Возраст
Локација
Потребни материјали
- Големи постери или картони
- Фломастери, боички, лепило и ножички
- Картонски кутии за модели
- Налепници за гласање
- Листови хартија за запишување идеи и сугестии
- Табли за објавување постери
- Столчиња и маси за поставување на штандовите

Цели
- Да ги поттикне учениците да размислуваат креативно и да предложат идеи за активности кои ќе го направат училиштето попријатно.
- Да се создаде отворен дијалог помеѓу учениците и училишниот кадар за подобрување на училишните денови.
- Да се развие чувството на одговорност и активно учество во училишниот живот.
Очекувани резултати
- Учениците умеат да комуницираат и да споделуваат идеи.
- Училишниот тим добива важни предлози за подобрување на училишните активности.
- Позитивна атмосфера на училиште во која учениците се слушнати и нивните идеи се важни.

- Подготовка
Бура на идеи (бреинсторминг) и организирање:
- Учениците од секоја паралелка ќе се соберат и ќе направат заеднички состанок со претставникот на нивниот клас/одделение во ученичкиот парламент.
- На состанокот ќе разговараат за идеи за активности кои би сакале да ги имаат или подобрат во училиштето (на пример, нови клубови, игри за време на одмор, теми за денови со креативни ручеци).
- Секоја паралелка ќе избере 3 – 4 идеи кои ќе ги претстави на саемот.
Изработка на постери и модели:
- Учениците ќе работат заедно на создавање постери, цртежи или мали модели кои ги прикажуваат нивните идеи.
- Претставниците од секоја паралелка можат да користат различни материјали за да ги визуелизираат своите идеи и да ги направат постерите привлечни и информативни.
Организирање штандови за претставување:
- На одреден ден, секоја паралелка ќе го подготви својот штанд во заедничкиот простор на училиштето (на пример, во холот или во спортската сала).
- Секој штанд треба да биде организиран така што учениците да можат лесно да ги прикажат своите постери и да разговараат со посетителите за идеите.
- Реализација
Отворање на саемот „Забавни училишни денови”:
- Саемот е отворен за време на училиштен ден и сите ученици, наставниците и училишниот тим се поканети да го посетат.
- На секој штанд има претставници од учениците кои ги објаснуваат идеите на заинтересираните и кои ќе одговорат на прашањата.
Интеракција и гласање:
- Учениците и наставниците добиваат налепници или мемо-стикери кои ќе ги стават до идеите што им се најинтересни или што сметаат дека се изводливи.
Објава на резултати:
- По завршувањето на саемот, претставниците на ученичкиот парламент ги собираат резултатите и ги објавуваат најпопуларните идеи преку училишниот информативен билтен.
- Најдобрите идеи ќе бидат разгледани од страна на раководството на училиштето за можно спроведување.
Следни чекори:
- Претставниците на ученичкиот парламент ќе ги споделат сите идеи со раководството на училиштето и ќе организираат дополнителен состанок за да дискутираат како може да се имплементираат дел од идеите.
- Учениците кои ги претставиле идеите ќе добијат благодарници за учеството.
Прилози

Училиште
Ментор
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
- Диелза Камбери
- Рон Бајрами
- Калина Ѓорѓевска
- Филип Бојчев
- Елда Јусуфи
- Тања Богданоска
- Дрита Лимани





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.