Прегледи: 186
Почиста околина
Тема
Зголемување на учеството на учениците во донесување одлуки
Предизвик
Како би можеле да ги поттикнеме учениците да го фрлаат отпадот во корпа за отпадоци за да создадат почиста околина?
За активноста
Форми на работа
Групна работа
Време на реализација
6 часа
Возраст
Ученици од VI – IX одделение, наставници, технички персонал, волонтери (родители, еко-активисти и сл.).
Локација
Училиштен двор, училница, ходници
Потребни материјали
- Постери и флаери со едукативни пораки.
- Корпи за отпадоци (различни за различни видови отпад)
- Ознаки за корпи и контејнери
- Пластични ракавици и вреќи за ѓубре
- Мегафон за објавување, материјали за презентација (проектор, лаптоп)
- Награди за учесниците (сертификати, мали подароци).

Цели
- Да се едуцираат учениците за важноста на правилното фрлање на отпадот.
- Да се поттикне одговорноста и свеста за заштита на животната средина.
- Да се подобри чистотата во и околу училиштето.
Очекувани резултати
- Зголемена свест кај учениците за правилното фрлање на отпадот
- Поголема употреба на корпите за отпадоци
- Почиста околина во и околу училиштето
- Намалена количина фрлен отпад надвор од корпите за отпадоци

Чекори
- Подготовка
- Создавање и печатење едукативни постери и флаери.
- Поставување корпи за отпадоци на видливи и лесно достапни места.
- Планирање работилници и презентации за учениците со помош на наставниците и локални еко-активисти.
- Вклучување на учениците во создавање постери и знаци низ училиштето како потсетник за правилното фрлање на отпадот.
- Реализација
- Воведна презентација за важноста на правилното фрлање на отпадот и неговото влијание врз животната средина.
- Поделба на учениците во групи за различни активности (една група за постери, друга за поставување корпи, трета за демонстрации итн.).
- Практични демонстрации за правилно фрлање на отпадот и разликување на видовите отпад.
- Кампања за подигнување на свеста со помош на мегафон и флаери.
- Игри и натпревари за собирање отпад (на пр. која група ќе собере најмногу отпад за определено време).
- Наградување на најуспешните учесници и групи.
- Групна дискусија за научените лекции и важноста на континуирано одржување на чистата околина.
- Поставување постери и знаци низ училиштето како потсетник за правилното фрлање на отпадот.
Прилози

Училиште
ООУ„Лирија“, Тетово
Ментор
Александра Блажевска
Проверено
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
Училишен тим
- Диелза Камбери
- Рон Бајрами
- Калина Ѓорѓевска
- Филип Бојчев
- Елда Јусуфи
- Тања Богданоска
- Дрита Лимани





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.