Спортска патека

Тема

Промовирање на еднакви права за сите ученици и ученички

Предизвик

Како да го намалиме трчањето по ходниците кај учениците од одделенска настава за време на малите одмори со цел да имаме безбедни ходници?

За активноста

Форми на работа

Индивидуална, во групи

Време на реализација

Во текот на целата учебна година

Возраст

Ученици од I – V одделение

Локација

Училиштен двор

Потребни материјали

  • Лепливи ленти или знаци за означување на „Спортска патека“ (во дворот или сала)
  • Налепници за учениците кои учествуваат во активностите
  • Мали реквизити за игри (коноп за влечење, топки, обрачи)
  • Постери со правила за безбедно однесување

Цели

  • Да се поттикне безбедно и забавно однесување за време на одморите преку посебни активности надвор од училишните ходници.
  • Да се намали трчањето низ ходниците со пренасочување на енергијата кон организирани активности во дворот или спортската сала.
  • Да се создаде култура на безбедност и соработка помеѓу учениците.

Очекувани резултати

  • Учениците ги користат означените безбедни простори за игра.
  • Намален бројот на инциденти и несреќи предизвикани од трчање низ ходниците.
  • Пријатна и безбедна училишна атмосфера.
Чекори
  • Подготовка

    Организација на „Спортска патека“ за време на  пауза: 

    • Организацискиот тим на ученици означува безбедни области за игри во училишниот двор или спортската сала. Ова може да биде со лепливи траки или знаци што укажуваат на различни зони за активности. 
    • Секој дел од „Спортската патека“ може да вклучува различни активности, како влечење коноп, игра со топка, скокање во обрачи, исцртана плочка и други активности кои ја користат енергијата на учениците. 

    Создавање на правила за безбедно однесување: 

    • На почетокот на денот, организацискиот тим објаснува дека целта на активностите е да се забавуваат и да бидат безбедни за време на паузата. 
    • Се поставуваат постери со правила за безбедно однесување во ходниците, кои ги охрабруваат учениците да ја користат „Спортската патека“ и да избегнуваат трчање во затворените простории. 
  • Реализација

    Вовед во „Спортска патека“: 

    • За време на одморите, учениците се поканети да ги искористат поставените зони за активности. Организацискиот тим ги мотивира сите ученици да учествуваат, објаснувајќи им дека нивната енергија ќе биде искористена во безбедни активности. 
    • Тимот им објаснува дека трчањето е дозволено само на „Спортската патека,“ додека во ходниците треба да се движат внимателно и без трчање. 

    Активности на патеката: 

    Учениците се делат во мали групи и ротираат меѓу различните активности на „Спортската патека.“ Ова може да вклучува: 

    • Влечење коноп: брз и забавен натпревар при што учениците го користат дворот наместо ходниците;
    • Скокање во обрачи: поставени обрачи низ патеката во кои учениците можат да скокаат;
    • Игра со топка: тимови кои се натпреваруваат во брзи и забавни игри со топка;
    • Прескокнување со јаже: учениците се натпреваруваат кој ќе направи најмногу скокови со јаже во одредено време;
    • Трка со препреки: поставени различни препреки низ патеката кои учениците треба да ги совладаат што побрзо;
    • Плочка. 

    Организацискиот тим ги следи активностите и ги поттикнува учениците да се придржуваат до правилата за безбедност. 

    Наградување за безбедно однесување: 

    • На крајот на секоја пауза, организацискиот тим им доделува налепници на сите ученици кои учествувале во активностите на „Спортската патека“ и кои ги почитувале правилата. 
    • На крајот на денот или седмица, учениците со најмногу налепници добиваат признание за „Безбеден ученик на седмицата.“ 

    Завршна рефлексија: 

    • Тимот може да организира кратка дискусија за да слушне од учениците кои активности најмногу им се допаднале и какви нови идеи имаат за подобрување на „Спортската патека.“ 
    • Учениците можат да предложат дополнителни активности или правила кои ќе им помогнат да го одржат нивото на безбедност и да избегнуваат трчање низ ходниците.  

Прилози

Училиште

ООУ„Страшо Пинџур“, Јосифово

Ментор

Александра Блажевска
Проверено

Ана Попризова

Проф . Д-р Софија Георгиевска

Училишен тим
  1. Мирјана Пеева
  2. Билјана Ѓоргиевска
  3. Гордана Бошначка
  4. Димитар Гоцков
  5. Илија Арсов
  6. Надица Лазарова
  7. Андреа Василева
  8. Љупче Шопов
  9. Виолета Костова

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.