Модул 1: Интерактивна мултимедијална алатка за колаборативно учење – Padlet
Во овој модул, наставниците ќе се запознаат со алатката за споделување дигитални ресурси и колаборативно учење Padlet. Ќе се запознаат со основните карактеристики и функции достапни на алатката, како и со начините за креирање и организирање на табли, прикачување на слики, текстови, постери, презентации, видео и аудио записи во дигитална форма, како и со неколку клучни аспекти на колаборативното учење.
Модул 2: Интерактивни мултимедијални алатки во наставата – Quizizz, Slides with Friends, Genially
Овој модул опфаќа неколку алатки за креирање интерактивни презентации и квизови, комбинирање на различни типови на активности и мултимедијални елементи со цел да се зголеми учењето и ангажираноста кај учениците. Овие алатки исто така може да служат за презентирање на интерактивни содржини како презентации, интерактивни слики, инфографици, квизови,, па дури и како алатки за формативно и сумативно оценување.
Модул 3: Интерактивна мултимедијална алатка со диференциран пристап во учењето – Nearpod
Во овој модул ќе се запознаеме со алатката Nearpod и ќе разгледаме како со нејзино користење да креираме интерактивни активности, мултимедијални презентации и виртуелни тури, како и колаборативно учење со диференциран пристап. Преку комбинирање на различни типови на активности и мултимедијални елементи, да ја зголемиме мотивацијата и учеството на учениците.
Модул 4: Визуелизација и креирање дигитални приказни со Canva и Book Creator
Во овој модул ги истажуваме алатките Canva и Book Creator за подобра визуелизација на нашите наставни активности. Ќе научиме како да креираме визуелни приказни, интерактивни постери, инфографици, стрипови и како да креираме и уредуваме видеа во Canva, со помош на текст, музика, и анимации. Ќе разгледаме и како креираме дигитални книги, додаваме и уредуваме содржина, видео и аудио записи во Book Creator.
Модул 5: Интеграција на вештачката интелигенција во наставата
Овој модул се фокусира на тоа како вештачката интелигенција може да ни помогне во нашата наставна практика, во креирање на персонализирани и интерактивни наставни материјали, и како да да извлечеме најдобри резултати и со тоа да го подобриме образовниот процес.