Модул 1: Разбирање и препознавање на различни видови насилство
Овој модул има за цел да ги претстави различните форми и видови насилство, да ја подигне свеста за нивните последици, како и да понуди стратегии и вештини за едукација и спречување на различните видови насилство.
Вториот модул има за цел да помогне во подобро разбирање на причините и факторите за насилство, како културните и психолошките фактори влијаат на тоа и како ефикасно да се спречи насилство вклучувајќи го и мултидисциплинарниот пристап во справувањето и превенцијата на насилството.
Модул 3: Последици од насилството врз учениците и врз образовната средина
Содржините од овој модул се насочени кон физичките и емоционални последици кај жртвите кои се изложени на насилство и како самото насилство влијае на училишниот успех и на животот на учениците.
Модул 4: Пријавување и реагирање на случаи на насилство
Во четвртиот модул се опфатени содржини кои ја посочуваат важноста од раното детектирање на насилството, начините на кои се пријавува насилството и процедурите што треба да се следат со цел да се обезбеди безбедна училишна средина за сите ученици и ученички.
Петтиот и последен модул се фокусира на поддршката и интервенциите во контекст на случаите на насилство, со особен акцент на самодовербата. Преку лекциите се презентираат практични стратегии и техники за обезбедување поддршка за жртвите на насилство, различните видови интервенции за решавање конфликтни ситуации и начините за детектирање можни и повторливи случаи на насилство.